Nikodinovska Krstevska, Ana (2017) Екстернализација на безбедноста на Европската унија надвор од границите на ЕУ: мит или реалност? Годишен зборник на Правен факултет бр. 7 (2017). pp. 149-158.
Text
никодиновска крстевска-2017.pdf Download (309kB) |
|
Text
NASLOVNA SO SODRZINA GODISEN ZBORNIK 2017.pdf Download (946kB) |
Abstract
Во серијата на терористички напади што се случија во Европските градови во последните години, беше докажано дека постои директна врска помеѓу напаѓачите и миграциската криза, во однос на тоа дека напаѓачите не биле граѓани на ЕУ, туку бегалци коишто нерегуларно влегле на територијата на ЕУ преку миграцискиот бран. Како резултат на тоа, овие две закани за внатрешната и надворешната безбедност на Унијата беа восприемени како нешто повеќе од една обична врска, односно како закани кои се меѓусебно поврзани и се надополнуваат една со друга. Оттука, справувањето со овие закани не претставува единствено безбедносно и одбранбено прашање, туку има повеќедимензионален пристап и засега една плејада на прашања коишто влегуваат во рамките на различките европски политики како што се азилот и миграцијата, трговијата и соработката, политиката за проширување и други. Земајќи го предвид ова, трудот ќе има за цел да ги истражи безбедносните пристапи на Европската унија кон овие закани и да утрврди како Европската унија се справува со нив.
Item Type: | Article |
---|---|
Subjects: | Social Sciences > Law Social Sciences > Political Science |
Divisions: | Faculty of Law |
Depositing User: | Ana Nikodinovska Krstevska |
Date Deposited: | 24 Feb 2023 09:46 |
Last Modified: | 24 Feb 2023 09:46 |
URI: | https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/19295 |
Actions (login required)
View Item |