Marjanova Jovanov, Tamara and Stojanovski, Mitre (2012) Раст на пазарот преку градење и предвидување на побарувачката: низ призмата на МСП. Conference proceedings, First International Conference for Business, Economy and Finance- ICBEF 2012, 1. pp. 213-227. ISSN 978-608-4504-88-7
Text
final paper.pdf Download (596kB) |
Abstract
Во овој труд се посветува внимание на значењето и начините на градење и предвидување на побарувачката на пазарот, затоа што еден од основните начини на раст на претпријатието на пазарот е преку раст на неговата продажба, односно побарувачката за неговите производи. Основната цел на истражувањето е да се направи увид во начините на градење на побарувачката и идентификуваат моделите на предвидување на побарувачката, кои се соодветни и можат да им помогнат во работењето на малите и средните претпријатија (МСП), имајќи во предвид дека во стратегијата на Европската Унија за 2020 година, МСП се еден од оснвните постулати на економскиот развој во иднина. Значењето на побарувачката произлегува од нејзината суштина –планирање, регулирање и правилна алокација на ресурсите во рамките на едно претпријатие. Во трудот се применети методот на индукција, дедукција, анализа и синтеза, како и методот на истражување, кој вклучува како секундарни, така и примарни податоци од кондиторската индустрија, на репрезентативен статистички примерок од 38% од вкупно регистрираните претпријатија во Република Македонија. Истражувањето посочува на различното значење на толкувањето на пазарот, ги издвојува деветте основни начини на градење на пазар преку побарувачката, ја потврдува поврзаноста на предвидувањето на побарувачката на пазарот со успешното делување на едно претпријатие и ги покажува квaлитативните и квантитативните модели на предвидување кои едноставно можат да се применат од страна на МСП, за да го подобрат своето деловно работење. Ограничувањето на трудот произлегува од опфатот на примарното истражување, односно како препорака за натамошни истражувања е проширување и вклучување и на други индустрии во кои работат претежно мали и средни претпријатија, за да се испита актуелната состојба на проблематиката на поголем статистички примерок.
Item Type: | Article |
---|---|
Subjects: | Social Sciences > Economics and business |
Divisions: | Faculty of Economics |
Depositing User: | Tamara Jovanov |
Date Deposited: | 24 Nov 2012 16:16 |
Last Modified: | 24 Nov 2012 16:16 |
URI: | https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/1924 |
Available Versions of this Item
- Раст на пазарот преку градење и предвидување на побарувачката: низ призмата на МСП. (deposited 24 Nov 2012 16:16) [Currently Displayed]
Actions (login required)
View Item |