Belovski, Vojo and Majhosev, Andon (2017) Трудово право. Faculty of Law, University "Goce Delcev" - Stip. ISBN 978-608-244-383-6
Preview |
Text
Трудово право- учебник.pdf Download (1MB) | Preview |
Abstract
Предговор
Трудовото право како гранка на правото е една од фундаменталните правни дисциплини. Некои автори оваа правна дисциплина уште ја нарекуваат наука за работните односи, бидејќи во најголема мера таа ги проучува правните норми, начела, принципи и институти кои се однесуваат на трудот и работниот однос. Денес, Трудовото право има големо значење во системот на правни дисциплини и правниот систем на секоја држава, бидејќи трудот (работниот однос) е основата на секоја држава, без разлика на степенот на општествено економскиот развој на истата.
Денес во академската средина генерално преовладуваат два основни пристапи во изучувањето на овој предмет. Едниот пристап се однесува на изучување на трудовото право во потесна смисла (само работните односи) и вториот пристап е проучување на трудовото право во поширока смисла на зборот, каде освен работните односи се изучуваат и правата на социјално осигурување.
Нашиот пристап во изучувањето на овој предмет е во потесна смисла на зборот, бидејќи постои посебен предмет во кој се изучуваат правата на социјалното осигурување.
Item Type: | Book |
---|---|
Subjects: | Social Sciences > Law |
Divisions: | Faculty of Law |
Depositing User: | Andon Majhosev |
Date Deposited: | 30 Jan 2018 11:34 |
Last Modified: | 30 Jan 2018 11:34 |
URI: | https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/19237 |
Actions (login required)
View Item |