Минералошко петрографски карактеристики на гранодиоритите во близина на с. Бонче, Прилеп

Sijakova-Ivanova, Tena and Jovanovski, Filip and Stojanova, Violeta and Stefanova, Violeta and Blažev, Krsto (2017) Минералошко петрографски карактеристики на гранодиоритите во близина на с. Бонче, Прилеп. Natural resources and technologies, 11. pp. 43-49. ISSN 185-6966

[thumbnail of Минералошко петрографски карактеристики на гранодиоритите во близина на с. Бонче, Прилеп.pdf]
Preview
Text
Минералошко петрографски карактеристики на гранодиоритите во близина на с. Бонче, Прилеп.pdf

Download (2MB) | Preview

Abstract

Апстракт Во овој труд се објавени резултатите од испитувањето на примероци од гранодиорити земени од околината на с. Бонче, Прилеп. Примероците се земени неколку километри пред селото. Испитувањата се вршени со рендгенски дифрактограм, Shimadzu XRD-6100. Станува збор за средно до крупнозрнести гранодиорити. Како карактеристични минерали во гранодиоритите се издвоени кварц и турмалин. Кварцот се појавува во неправилни агрегати, а турмалинот во добро оформени кристали, со димензии од неколку mm до 2 cm дебелина и должина од 10 до 15 cm. На контактот на гранодиоритите со микашистите, од северната страна, се појавува мало леќесто тело од коешто како покарактеристични минерали се издвоени гетит и епидот. Гетитот е со црна боја, се појавува во добро оформени кристали-коцки со димензии до 1 cm. Епидотот се појавува во зрнести агрегати, вклопен во кварцот.

Клучни зборови: гранодиорити, кварц, турмалин, гетит.епидот, рендгенска дифракција.

Item Type: Article
Subjects: Natural sciences > Other natural sciences
Divisions: Faculty of Natural and Technical Sciences
Depositing User: Tena Sijakova Ivanova
Date Deposited: 30 Jan 2018 09:48
Last Modified: 30 Jan 2018 09:48
URI: https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/19236

Actions (login required)

View Item View Item