Поврзаноста на прекршочната постапка со управниот спор

Denkova, Jadranka and Najdovski, Dejan (2017) Поврзаноста на прекршочната постапка со управниот спор. Годишен зборник на Правен факутет бр. 7, 2017. ISSN 1857-8713

[thumbnail of denkova 2017.pdf]
Preview
Text
denkova 2017.pdf

Download (524kB) | Preview
[thumbnail of sodrzina na godisen zbornik 2017.pdf]
Preview
Text
sodrzina na godisen zbornik 2017.pdf

Download (506kB) | Preview

Abstract

Новиот систем за водење на прекршочната постапка за одделни видови на прекршоци кои беа предвидени со определени закони се воспостави во текот на 2006 година со донесувањето на Законот за прекршоците. Овој Закон значеше реформирање на прекршочната постапка во насока на тоа дека таа може да се води како од судовите, така и од страна на органите на државната управа, организациите или другите органи што вршат јавни овластувања.1 Со донесувањето на овој Закон се воведува една новина во нашиот правосуден систем, а тоа е можноста на несудските органи да ја водат прекршочната санкција и да изрекуваат санкции за сторените прекршоци. Основна причина поради воведувањето на оваа новина во правосудниот систем беше се со цел да се изврши растеретување на Управниот суд од големиот број на прекршочни предмети и намалување на нивната преоптовареност. Анализирајќи го целосниот систем на прекршочни органи во Република Македонија којшто беше востановен со донесувањето на Законот за прекршоците се доаѓа до заклучок дека во истиот постои определен степен на неизедначеност и тоа во однос на областите во кои органите постапуваат како прекршочни органи, бројот на формираните комисии за одлучување по прекршок и нивниот состав и положба. Пренесувањето на надлежностите за постапување на прекршочните предмети е добро решение во однос на растеретување на судските органи, прашањето е дали постои стручност спремност и екипираност на лицата кои се надлежни да постапуваат во прекршочните предмети во овие органи на управата. Стручноста и ефикасноста на вонсудските прекршочни органи влијае и на ефикасноста на Управниот суд. Клучни зборови: прекршочна постапка, управен спор, ефикасност, решение

Item Type: Article
Subjects: Humanities > Other humanities
Divisions: Faculty of Law
Depositing User: Jadranka Denkova
Date Deposited: 26 Jan 2018 11:49
Last Modified: 26 Jan 2018 11:49
URI: https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/19125

Actions (login required)

View Item View Item