Kovacevska, Ivona and Papakoca, Kiro and Petrovski, Mihajlo and Longurova, Natasa and Arsova, Natasa and Kitanovska, Emilija and Toneva Stojmenova, Verica and Toneva Nikolova, Aleksandra (2017) Процена на корелацијата на реналната калкулоза со забниот камен. [Project]
Preview |
Text
I. K. project.pdf Download (593kB) | Preview |
Abstract
Реналните калкулуси претставуваат едни од најчестите причина за појава на морбидитет во хуманата популација, пред се поради тоа што нивното формирање и делување може да доведе до сериозни нарушувања на функцијата на бубрезите, како хронични ренални заболувања, појава на есенцијална хипертензија, како и метаболни абнормалности на коските. Забниот камен во суштина претставува минерализиран дентален плак.
Минерализираниот дентален плак поседува иста структурна градба и процес како и во другите биолошки сегменти, вклучувајќи ги тука и реналните калкулуси.
Главната и основната цел е да се направи евалуација на врската помеѓу присуството на дентален плак и забен камен и реналните калкулуси кај индивидуите со нефролитијаза.
Планирано е испитувањето да се изврши на вкупно 80 пациенти, од машки и женски пол,на возраст меѓу 25-50 години, кои доаѓаат на редовни контролни интернистички преглед.
Во истражувањето ќе бидат вклучени испитаниците со присутна нефролитијаза. Дијагностичкиот протокол би опфатил откривање и локализирање на реналните калкулуси, ултрасонографија и уринарни испитувања. Од аспект на стоматолошките испитувања во истражувањето ќе бидат вклучени испитаници со ренална калкулоза, а не извршиле чистење на дентален плак и забен камен во текот на една година. Оралниот статус кај лицата е испитуван со помош на симплифицираниот OHI и калкулус индекс, Volpe Manhold калкулус индекс и користен е и КЕП индексот. Анализата на статистичките податоци ќе биде направена со помош на адекватен компјутерски софтвер SPSS version 18 (Statistical Package for Social Sciences).
Од резултатите очекуваме да се докаже поврзаност на присуството на забен камен и ренална калкулоза.
Item Type: | Project |
---|---|
Subjects: | Medical and Health Sciences > Basic medicine |
Divisions: | Faculty of Medical Science |
Depositing User: | Ivona Kovacevska |
Date Deposited: | 29 Jan 2018 11:41 |
Last Modified: | 11 Dec 2024 13:04 |
URI: | https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/19093 |
Actions (login required)
View Item |