Kovacevska, Ivona and Longurova, Natasa and Zlatanovska, Katerina and Petrovski, Mihajlo and Georgiev, Zlatko (2017) Грижата за оралното здравје кај студентите од различни факултети. In: Knowledge - International Journal Scientific and applicative papers, 15-17 Dec 2017, Bansko, Bulgaria.
Preview |
Text
PROGRAM BANSKO 17.pdf Download (434kB) | Preview |
Preview |
Text
BANSKO POSTER 2017 ivona.pdf Download (2MB) | Preview |
Abstract
Устата претставува прозорец кон целокупното здравје во човечкиот организам и многу често, во оралната средина можат првично да се манифестираат знаци и симптоми на заболувања кои го засегаат целиот организам. Одржувањето на оралното здравје е важно за забите, гингивата, јазикот и воопшто на целиот организам. Проблемите како непријатен мирис (fetor ex ore), сува уста (xerostomia), наслаги, промени на слузокожата, итн. укажуваат и за системски неправилности.
Оралната хигиена претставува клучен сегмент за одржување на оралното здравје, и подразбрира чиста уста без присуство на меки или пак тврди наслаги, отсуство на кариес, санирани заби, здрава гингива и потпорен апарат. Клучна улога во овај дел има стоматологот кој освен преглед, санација и документирање на оралната хигиена кај популацијата паралелно врши и едукација за спроведувaње на адекватни орално-хигиенски навики и однесувања, кои ќе го подигнат оралното здравје, а со тоа и системското здравје.
Во колкава мера изборот на факултетот влијае врз оралното здравје и хигиено диететскиот режим кај студентите при Универзитетот ”Гоце Делчев” во Штип, претставува целта на нашето истражување.
Материјал и метод: Во испитувањето беа вклучени 60 пациенти на возраст од 19-30 години, по случаен избор, од обата пола, кои заради стоматолошки услуги се јавиле во ординациите на ФМН при Универзитетот “Гоце Делчев” Штип. Во релација со образованието испитаниците беа со високо образование и класифицирани во 2 групи и тоа:
· прва група - 30 испитаници студенти на Дентална Медицина
· втора група – 30 испитаници студенти на други факултети
На сите им беше дистрибуиран анонимен анкетен прашалник за навиките кои ги имаат, како хигиенски така и лоши навики, а следствено на тоа им беше направено стоматолошки преглед со дентален статус.
Резултати: Сите студенти вклучени во истражувањето воглавном четкат заби два пати на ден. Од средствата за дополнителна хигиена најзастапено е користењето на водички за плакнење на устата (36,67%), забен конец ( 5% ), интердентални четкички (20% ).
Како заклучок од спроведеното истражување може слободно да кажеме дека изборот на факултетот како и степенот на образованието влијаат на свеста за одржување на оралното здравје, преку кивантитативни и кивалитативно орално хигиенски мерки. Секако дека идните стоматолози ќе продолжат и во натамошната едукација на популацијата за зголемување и на превентивните мерки, за подигнување на оралното здравје а со тоа и на системското здравје.
Клучни зборови: орална хигиена, дентален статус, клинички преглед.
Item Type: | Conference or Workshop Item (Poster) |
---|---|
Subjects: | Medical and Health Sciences > Clinical medicine Medical and Health Sciences > Health sciences |
Divisions: | Faculty of Medical Science |
Depositing User: | Katerina Zlatanovska |
Date Deposited: | 24 Jan 2018 14:17 |
Last Modified: | 24 Jan 2018 14:17 |
URI: | https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/19057 |
Actions (login required)
View Item |