Поседување на компјутерски вештини – клуч за позитивна перцепција на корпоративниот идентитет

Sofijanova, Elenica and Serafimovikj, Gordana and Badarovski, Todor and Mitev, Goran and Minovski, Srgan and Minovski, Danilo and Pacukov, Boban (2017) Поседување на компјутерски вештини – клуч за позитивна перцепција на корпоративниот идентитет. [Project] (In Press)

[thumbnail of Elenica S. Proekt.pdf]
Preview
Text
Elenica S. Proekt.pdf

Download (970kB) | Preview

Abstract

Современите услови на работење и водење на деловни бизниси повеќе од кога и да било до сега се под влијание на динамичниот развојот на информациските технологии. Менаџерите на човечките ресурси се соочени со предизвиците иницирани од глобализацијата, а пред се од потребата за зголемување на индивидуалните компетенции на секој вработен на начин кој што ќе овозможи поквалитетна услуга, за задоволни клиенти а со тоа и зголемена позитивна перцепција за корпоративниот идентитет. Поставувањето објективни критериуми за идентификација и евалуација на ИТ компетенциите на вработените се основа за постигнување повисоки организациски перформанси. во современи услови на работење императив за секоја организација преставува стратегиската вредност на компетентноста на вработените.

Од тој аспект човечките ресурси мора да направат корелација помеѓу стратегиите за менаџирање со знаењето на вработените и градењето на севкупниот имиџ на корпорацијата. Целта на овој проект е да се идентификуваат потребните ИТ компетенции на вработените и да се укаже на неопходноста од континуирано надградување за достигнување на посакуваното ниво на организациска изведба со што би се креирала позитивна перцепција за корпоративниот идентитет.

Истражувањето ќе биде спроведено за брендот ‘Х’ кој е еден од најбрзо растечките во производство и продажба на луксузни автомобили. Фокусот на истражувањето ќе биде ставен на претставништвото ‘Y’ задолжено за Балканскиот пазар кое брои преку 300 работни позиции за тековно функционирање.

Item Type: Project
Subjects: Social Sciences > Economics and business
Social Sciences > Media and communications
Divisions: Faculty of Economics
Depositing User: Elenica Sofijanova
Date Deposited: 22 Jan 2018 09:22
Last Modified: 22 Jan 2018 09:22
URI: https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/19030

Actions (login required)

View Item View Item