Општинските обврзници како алтернативен извор за финансирање и ефикасно менаџирање со прибраните средства за локален економски развој со посебен осврт на општина Штип

Fotov, Risto and Gogova Samonikov, Marija and Veselinova, Elena and Gruevski, Ilija (2017) Општинските обврзници како алтернативен извор за финансирање и ефикасно менаџирање со прибраните средства за локален економски развој со посебен осврт на општина Штип. Универзитет „Гоце Делчев“ - Штип. ISBN 978-608-244-453-6

Full text not available from this repository.

Abstract

Оваа моногафија е сублимат од низата оргинални научни истражувања кои произлегоа во рамките на проектот „Општинските обврзници како алтернативен извор за финансирање и ефикасно менаџирање со прибраните средства за локален економски развој со посебен осврт на општина Штип“.
Монографијата опфаќа анализа на подготвеноста на земјите во развој за издавање оптински обврзници, преку согледување на состојбите во регионот, вклучувајќи анализа на емисијата на општински обврзници во Сплит, Република Хрватска, што ќе се користи како бенчмарк за анализа и подготовка на емисија на општински обврзници во Република Македонија. Во рамките на овој дел, подготвена е и SWOT анализа за издавање општински обврзници во Република Македонија преку која се согледуваат клучните фактори од окружувањето кои би влијаеле на потенцијалната емисија на локални обврзници, со посебен фокус на општина Штип. Токму затоа, во моногргафијата е вклучен и дополнителен дел посветен на оценка на подготвеноста на општините во развој за издавање на општински обврзници преку детална анализа на нивните буџетски сметки, фокусирајќи се на анализа на буџетските сметки на Општина Штип во периодот 2006-2015 година. За таа цел пресметани се корелациските врски помеѓу домашното задолжување и расходите на општина Штип, корелациските врски помеѓу каматните плаќања на домашните кредитори и приходите на општина Штип, како и повеќекратна праволиниска регресија и корелација помеѓу приходите, домашните задолжувања и депозитите на општина Штип.
Монографијата вклучува евалуација на предлози за купување општински обврзници, со претходно утврдување на постапка во случај на евентуална спогодбена продажба на општински обврзници во градот Штип. Во овој дел детално се елаборирани спогодбената наспроти конкурентска продажба и предложена е соодветна постапка за реализација на спогодбена продажба на првата емисија на општински обврзници на општина Штип.
Како логичен чекор за заокружување на оваа монографија во водич за емисија и тргување со локални обврзници, подготвен е проспект за издавање и тргување кои детално ги објаснува сите составни компоненти на еден таков проспект.
Во монографијата е анализиран пример за ефикасна употреба на средствата од продажбата на потенцијалната обврзница на општина Штип преку инвестирање во центар за рехабилитација кој ќе го експлоатира термалниот извор Кежовица. Економско-финансиската ефикасност на инвестицијата финансирана преку емисија на локални обврзници е прикажана преку инвестициски критериуми кои ја докажуваат рентабилноста и ликвидноста на инвестицискиот проект. На овој начин, се постигнува оправданоста за емисијата на локалните обврзници како алтернативен начин за финансирање и поддршка на локалниот економски развој.
Целта на истражувањето е да се оцени потенцијалот за поврат на инвестицијата, односно ефикасноста и рентабилноста на проект, кој не само што ја верификува оправданоста за користењето на локалните обврзници како релативно евтин долгорочен извор на финансиски средства, туку значително придонесува за зголемување на вредноста на локалниот аутпут како компонента на националниот економски раст, и уште повеќе, земајќи ги предвид сѐ поактуелните барања за општествено одговорно однесување, демонстрира вредност за широк ранг стеикходелри на долг рок. Резултатите од истражувањето, проектирани во форма на конвенционални инвестициски критериуми, во комбинација со кратка финансиска рацио анализа, потврдуваат дека може да се постигне ефикасна употреба на оштинските обврзници како алтернативен начин за финасирање на локалниот економски развој преку инвестирање во долгорочно одржлив и профитабилен проект како што е анализираниот пример за центар за рехабилитација.
Токму затоа, не само препораките од оваа монографија, туку и сумарните сознанија од целиот проект ја стимулираат и ја поддржуваат емисијата на ваквите финансиски инстументи кои ќе ја одиграат својата примарна улога – преку соодветен финансиски левериџ да бидат значаен фактор за економскиот развој.
Монографијата „Општинските обврзници како алтернативен извор за финансирање и ефикасно менаџирање со прибраните средства за локален економски развој со посебен осврт на општина Штип“ е наменета за поширок круг корисници. Првенствено, таа треба да служи како водич за емисија на локални обврзници, користен од страна на локалните власти, понатаму, како информатор и мотиватор за потенцијалните инвеститори во ваков вид финансиски инструменти, како и за студентите на економските и други факултети кои ја изучуваат оваа проблематика и за сите други заинтересирани читатели, со цел да им се доближат на теоретските и практичните сознанија од оваа област и сите читатели и потенцијални учесници во емисијата и тргувањето со локални обврзници.
Искрено се надеваме дека овој ракопис ќе ги продлабочи теоретските и практичните знаења на читателите од областа на општинските обврзници.

Item Type: Book
Subjects: Social Sciences > Economics and business
Divisions: Faculty of Economics
Depositing User: Elena Veselinova
Date Deposited: 18 Jan 2018 09:16
Last Modified: 18 Jan 2018 09:16
URI: https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/18933

Actions (login required)

View Item View Item