Меѓународното општество и развојот на глобална политичка култура

Stojanovska-Stefanova, Aneta and Magdinceva Sopova, Marija (2017) Меѓународното општество и развојот на глобална политичка култура. Knowledge - International Journal, Scientific Papers, 20.3. ISSN 2545-4439

[thumbnail of Download File.pdf]
Preview
Text
Download File.pdf

Download (1MB) | Preview

Abstract

Во овој труд ќе дадеме теоретски осврт на поимите меѓународно општество, на државата како
субјект на меѓународното право и на политичка култура. Во политичката теорија не постои едногласност
околу дефинирањето на поимот политика.
Политиката најопшто може да се дефинира како остварување на одредени идеи суштествени за една
заедница. Тоа се пред се’ идеите за општото добро, правдата и општата корисност.По дефиниција, надворешната политика треба да биде дел, значителен дел од политиките што било која
држава или суверен политички ентитет ги спроведува. Ние ја именуваме таа политика како надворешна
политика, но и други луѓе ја нарекуваат - меѓународна политика, светска политика, глобалната политика,
меѓународни односи, компаративна политика.
Државата е врховна организација на човештвото денес. Чувствата кои членовите на оваа национална
заедница ги негуваат кон неа се наречени национализам. Суверенитетот пак, овозможува национализмот да
добие политички и правен израз во меѓународното општество. Ова значи дека државите, главни актери во
меѓусебните односи, себе си се сфаќаат како суверени, а тоа значи дека тие не се подложни на ниеден
повисок политички авторитет. Отука институциите на меѓународното општество, вклучувајќи го тука и
правото, се осмислени така што да можат да одговорат на барањето за суверенитет.
Квалитетот на практицирањето на политичката култура, е тесно поврзан со демократскиот развој на една
држава. Развојот на цивилното општество, побарува развој на демократска политичка култура, создавање на
критичка јавност, демократска социјализација на граѓаните, афирмација на цивилните вредности кои во
својот фокус го имаат граѓанинот.
Културите во државите во услови на галопирачки глобализациски детерминанти очекувано е, и може да се
менуваат, но исклучително е тешко да се забележат вистински културни преобразби. Културните разлики во
државите во услови на забрзана глобализација се релевантни и за развојот на демократијата.
Поимот “демократска политичка култура“ втемелен е во општото одредување на политичката култура,
секако и на културата, воопшто. Активистичките дефиниции на политичката култура насочени се кон
прашањето во која мерка постоечката политичка култура – одредена како мрежа на субјективни ориентации
на припадниците на општеството во однос на базичните елементи на политичкиот систем: политичките
институции, процеси и вредности – се јавува како фактор (катализатор) на политичкото преобразување, а во
која мерка, наспроти тоа, делува како инструмент на резистенција. Во таа смисла, се воспоставува
суштинска врска помеѓу развојот на демократската политичка култура и демократското политичко
преобразување.

Item Type: Article
Subjects: Social Sciences > Economics and business
Divisions: Faculty of Tourism and Business Logistics
Depositing User: Marija Magdinceva Sopova
Date Deposited: 26 Dec 2017 10:30
Last Modified: 26 Dec 2017 10:30
URI: https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/18838

Actions (login required)

View Item View Item