Можности и перспективи за развој на социјалното претприемништво-случај на Република Македонија

Magdinceva Sopova, Marija and Stojanovska-Stefanova, Aneta (2017) Можности и перспективи за развој на социјалното претприемништво-случај на Република Македонија. Knowledge - International Journal, Scientific Papers. ISSN 2545-4439

[thumbnail of trud marija bansko.pdf]
Preview
Text
trud marija bansko.pdf

Download (1MB) | Preview

Abstract

Социјалното претприемништво претставува нов современ пристап за решавање на социјалните
проблеми преку кој се овозможува решавање на општествено корисни прашања и градење основи за
одржлив развој на општеството. Во рамките на овој труд ќе биде даден теоретски приказ и дефинирање на
термините социјално претприемништво, социјално претпријатие и социјален претприемач од различни
аспекти. Бидејќи социјалните претпријатија се карактеризираат со специфични
карактеристики,истражувачкиот дел од трудот ќе се фокусира на согледување на законската регулатива за
основање на социјални претпријатија во Република Македонија и согледување на можностите и
перспективите за развој на социјалното претприемништво во Република Македонија и предлог модел за
поттикнување на развојот на социјалното претприемништво во Република Македонија.
Социјално претприемаштво подразбира постојано откривање на нови идеи од страна на социјалните
претприемачи за решавање на социјалните проблеми во замена на старите, познати, непрактични начини на работа. Исто така социјалното претприемништво се дефинира како концепт преку кој се врши континуирано
спроведување на eкономски активности под одредени услови на работење со цел ангажирање на
маргинализирани групи во општеството. Најчесто се работи за лица коишто претприемачите - работодавачи
не може да ги препознаваат на пазарот, односно не ги вработуваат.
Социјалните претпријатија извршуваат одредени деловни активности со цел создавање одредена
општествена вредност при што и општеството има одредени бенефити од извршувањето на на
претприемничката активност.
Социјалните претпријатија не се ориентирани кон основната цел на традиционалните претпријатија а тоа е
остварување на профит.
Како претпријатија кои извршуваат одредена социјална мисија, овој тип претпријатија имаат за цел
создавање на економски и социјални вредности преку извршување на забележливи социјални и економски
промени во општеството. Менаџментот на социјалните претпријатија примарно е насочен кон откривање и
задоволување на потребите на пазарот кои не се задоволени и кон маргинализираните личности .
Социјалните претприемачи се носители на социјалното претприемништво и тие се креатори на нови идеи за
решавање на социјалните проблеми кои ги заменуваат старите непрактични идеи со нов бизнис модел на
работа. Тие поседуваат високи морални вредности и се насочени кон проширување на нивните идеи надвор
од границите на социјалното претпријатие. Социјалните претприемачи имаат способност за препознавање
на можностите и развој на корисни социјално претприемнички активности преку користење на
инспирации, креативност и се подготвени за преземање на активности за создавање на општествено корисни
работи со цел создавање на рамнотежа помеѓу субјектите во општеството.

Item Type: Article
Subjects: Social Sciences > Economics and business
Divisions: Faculty of Tourism and Business Logistics
Depositing User: Marija Magdinceva Sopova
Date Deposited: 26 Dec 2017 10:28
Last Modified: 26 Dec 2017 10:28
URI: https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/18837

Actions (login required)

View Item View Item