Превентивната здравствена заштита во Република Македонија

Angelovska, Bistra and Kamcev, Nikola (2009) Превентивната здравствена заштита во Република Македонија. In: Summer School Ohrid, 17-22.08.2009, Ohrid, Macedonia. (Unpublished)

[thumbnail of preventiva Ohrid.pdf] Text
preventiva Ohrid.pdf

Download (264kB)

Abstract

Приоритетни здравствени проблеми - хроничните незаразни заболувања, новите
заразни заболувања и ургентните состојби.
Стратешките определби - основа на здравствениот систем во Република Македонија и
понатаму ќе биде примарната здравствена заштита ориентирана кон поединецот,
семејството и заедницата, со акцент на превентивната здравствена заштита и
задоволување на најголемиот дел од здравствените потреби на населението.
До распадот на СФРЈ, во здравствениот систем на Република Македонија (како дел од
СФРЈ) не постои приватна лекарска практика и сите граѓани се опфатени со
концепцијата на народно здравје или општа здравствена заштита, во која пристапот
до здравствените услуги е отворен за сите, лекувањето е бесплатно и здравственото
осигурување е општо и задолжително.
До 1991 година превентивната здравствена заштита беше организирана во рамките на
интегрираниот јавен здравствен сектор преку организационите единици во јавните
здравствени установи со јасно дефинирани задачи, надлежности и поставеност,
Заводот за здравствена заштита и здравствените установи при работните
организации (најчесто од општа медицина и медицина на трудот)
Со радикалниот пресврт во општественото организирање по 1989 година и преземањето
на либералниот модел во организирањето на општеството, во кој доминираат
приватната сопственост и пазарот, концепцијата на здравствената заштита станува
недоволна и несоодветна да ја покрие концепцијата на јавното здравје.
Македонското здравство денес е организирано во здравствени
установи што се во јавна и во приватна сопственост на три нивоа:
примарна, секундарна и терциерна здравствена заштита.
Според законските прописи и актите кои произлегуваат од нив, за
превентивна заштита се надлежни здравствените установи од
примарната здравствена заштита (независно дали се приватни или
јавни), заводите за здравствена заштита и некои од болниците.
Во транзициониот период од 1991 до денес во рамките на
здравствените реформи се извршени значајни промени во
здравствениот систем: чести промени на здравственото
законодавство, промена во сопственоста на здравствените
установи, прегрупирање на надлежностите и друго.
Прилагодувањето на системот на новите околности и постојаните
промени доведе до делумно нарушување на етаблираниот систем
за превентивна здравствена заштита.

Item Type: Conference or Workshop Item (Speech)
Subjects: Medical and Health Sciences > Health sciences
Divisions: Faculty of Medical Science
Depositing User: Bistra Angelovska
Date Deposited: 31 Jan 2013 13:03
Last Modified: 31 Jan 2013 13:03
URI: https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/1882

Actions (login required)

View Item View Item