Taskov, Nako and Metodijeski, Dejan (2011) Практикум по термален туризам. ISBN 978-608-4504-39-9.
Preview |
Text
Praktikum Termalen turizam.pdf Download (1MB) | Preview |
Abstract
Практикумот е наменет за потребите на студентите на Факултетот за туризам и бизнис логистика за изготвување на вежбите и подготвување на испитот по предметот бањски туризам.
Содржината на практикумот ја опфаќа потребната материја за вежбите по предметот бањски туризам, според наставната програма на Факултетот за туризам и бизнис логистика.
Практикумот можат да го користат сите студенти на останатите факултети на кои се изучува предметот бањски туризам, но и останатите стучни кадри кои ја проучуваат оваа проблематика.
Практикумот е изготвен со цел да се унапреди наставата по предметот бањски туризам и да се подобри квалитетот на знаењето на студентите. Од тие причини, практикумот го изработивме во два дела.
Првиот дел – е наменет за добивање на основни информации за организацијата на метеоролошките набљудувања и мерења на метеоролошките станици, улогата на климатологијата, значењето на статистиката како метод кој се применува во климатологијата, улогата на туризмолозите и гастрономите во правилното интерпретирање на метеоролошките и климатските карактеристики на испитуваните бањи, како и превземање на многу активности кои се поврзани со временските и микроклиматските услови на бањите.
Вториот дел – содржи некои методски постапки за обработка на податоците добиени од метеоролошките набљудувања и мерења. Користени се бројни податоци од метеоролошките мерења и набљудувања на некои метеоролошките станици во Република Македонија. Податоците се превземени од Управата за хидрометеоролошки работи во Скопје.
Вежбите се индивидуални. За време на вежбите секој студент добива податоци и се повикува на креативно применување на здобиеното знаење. На тој начин студентот врши самопроверка на знаењето, а воедно и одговорните лица, со цел да се утврди до кој степен се усвоени методските единици. Секоја активност на часот е вреднувана со соодветен број на кредити.
Item Type: | Teaching Resource |
---|---|
Subjects: | Social Sciences > Economics and business |
Divisions: | Faculty of Tourism and Business Logistics |
Depositing User: | Dejan Metodijeski |
Date Deposited: | 14 Dec 2012 10:47 |
Last Modified: | 09 Jan 2015 13:31 |
URI: | https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/1879 |
Actions (login required)
View Item |