Информатичка платформа за смарт јавен превоз во Скопје

Cerepnalkovska Dukovska, Snezana and Gelev, Saso (2017) Информатичка платформа за смарт јавен превоз во Скопје. In: Петта меѓународна научна конференција, „Науката – подршка на развојот во Југоисточна Европа“, 15-16 Dec 2017, Skopje, Macedonia.

[thumbnail of Snezana, Saso 2 trud.pdf]
Preview
Text
Snezana, Saso 2 trud.pdf

Download (1MB) | Preview

Abstract

Главна цел на предложениот проект е поставување на информатичка платформа со која патниците кои користат јавен превоз или превоз организиран од приватна компанија може да ја персонализираат рутата во однос на параметарот удобност. Предложениот алгоритам врши персонализација на параметарот удобност користејќи четири фази множества, а при тоа се користат параметри поврзани со просторна локација, прифатлив временски термин за поаѓање и прифатлив временски термин на пристигнување. Како резултат се добива план на патување со три термини кои се бираат од страна на корисникот. Алгоритмот потоа врши оптимизација и пресметува кога и каде ќе се активира ново превозно средство, базирајќи се на персонализираните букирања во системот и одредени надворешни фактори. Одлучувањето се врши базирајќи се на централизиран метод користејќи ја фази логиката. Како резултат од овој дел се добиваат пресметките на новиот план на возење. Алгоритмот продолжува и врши пресметување на тоа кои превозни средства од редовниот распоред може да се прераспределат, при што повторно како резултат се добива нов план на возење. Оваа платформа е дизајнирана и за подобрување на други параметри во превозот, како што се оптимизација на трошоците за патниците и зголемување на ефикасност на користење на возилата, но не може да влијае на тесните грла во сообраќајот, кои се создаваат во карактеристичните термини. Предложената платформа се базира на Web сервис и Web/мобилна апликација, софтверски симулатори кои се користат во периодот на тестирање и хостирање на софтверот во околина на облак од типот платформа како сервис (PaaS).
Клучни зборови: Смарт јавен превоз, Фази логика, удобност, платформа какко сервис

Item Type: Conference or Workshop Item (Paper)
Subjects: Engineering and Technology > Electrical engineering, electronic engineering, information engineering
Divisions: Faculty of Electrical Engineering
Depositing User: Saso Gelev
Date Deposited: 19 Dec 2017 10:03
Last Modified: 19 Dec 2017 10:03
URI: https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/18761

Actions (login required)

View Item View Item