Профитабилноста на македонските банки во време на глобалната финансиска и должничка криза

Arsova, Tanja (2017) Профитабилноста на македонските банки во време на глобалната финансиска и должничка криза. Masters thesis, Goce Delcev University Stip.

[thumbnail of Магистерскитруд-ТањаАрсова.pdf]
Preview
Text
Магистерскитруд-ТањаАрсова.pdf

Download (1MB) | Preview

Abstract

Работењето на банката се оценува врз основа на стапката на приносот што ја остваруваат акционерите на вложениот капитал, како и ризикот што тие го преземаат. Врз таа основа се поставени бројни финансиски показатели коишто отсликуваат различни аспекти поврзани со профитабилноста и ризичноста на банката. Овие показатели во основа се пресметуваат користејќи ги информациите содржани во финансиските извештаи. За разлика од банкарските системи на развиените земји, коишто главниот удар врз профитабилноста, како последица на меѓународната финансиска и економска криза, го почувствуваа во 2008 година, македонските банки бележат одложен тренд на влошена профитабилност, специфичен по многу карактеристики на банкарските системи на земјите од Западниот Балкан. Целта на овој труд е да се анализира профитабилноста на македонските банки во периодот 2008-2012 година, односно во време кога банкарскиот сектор за првпат ќе ги почувствува ефектите од големата финансика криза, па сѐ до 2012, година во којашто владее должничката криза.







Клучни зборови: профитабилност, финансиска криза, показатели, приходи

Item Type: Thesis (Masters)
Subjects: Social Sciences > Economics and business
Divisions: Faculty of Economics
Depositing User: Katerina Hadzi-Vasileva
Date Deposited: 18 Dec 2017 14:18
Last Modified: 18 Dec 2017 14:18
URI: https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/18739

Actions (login required)

View Item View Item