Текстил за балистичка заштитна облека - апликација и перформанси

Mirceska, Natasa (2017) Текстил за балистичка заштитна облека - апликација и перформанси. Masters thesis, Goce Delcev University Stip.

[thumbnail of МАГИСТЕРСКА.pdf]
Preview
Text
МАГИСТЕРСКА.pdf

Download (1MB) | Preview

Abstract

Предмет на овој магистерски труд се композитните материјали врз база на зајакнувачки влакна и полимерна матрица наменети за лична балистичка заштита. Извршен е избор на термореактивна полимерна матрица, погодна за импрегнација на зајакнувачки ткаенини во индустриски услови на производство. Заради своите поволни технички карактеристики, достапноста и цената на чинење, избрана е фенол-формалдехидна смола од резолен тип за општа намена. За прилагодување кон дадената намена потребно беше да се отстрани „вродената“ кртост на смолата. Тоа е сторено со нејзина модификација со различни концентрации на поливинилбутирал (PVB). Испитувањето на силата на смолкнување и на балистичките карактеристики на композитите покажа дека најдобри резултати се постигнуваат кога односите на сувите супстанци на фенолната смола и PVВ е 1:1. Испитувањето на зависноста на балистичката јакост од површинската маса кај сите композити покажа нејзино линеарно зголемување со зголемувањето на површинската маса без разлика на односот на конституентите во композитот. Испитувањето на влијанието на содржината на конституентите покажа дека односот смола/зајакнувач од 20/80 поседува најдобри балистички карактеристики. Со зголемување на содржината на смолата од 20% до 50% балистичката јакост кај сите композити значително се намалува што потврдува дека влакната кај композитите имаат носечка улога за нивните балистички перформанси. Како зајакнувачки влакна во композитите се користени арамидни и високоперформансни полиетиленски влакна, исткаени во ткаенини со платнен преплет. Испитувањето на композитите покажа дека најдобри балистички перформанси покажуваат композитите врз база на високоперформансни полиетиленски влакна, а незнатно послаби перформанси покажаа арамидните. Испитувањето на влијанието на притисокот на пресување покажа зголемување на балистичката јакост кај еднонасочните композити со зголемување на притисокот, додека кај двонасочните композити не е забележена закономерна промена. При еднаква површинска маса еднонасочните композити покажаа повисоки вредности за карактеристиката V50 од двонасочните. Мерењето на трауматолошкиот ефект кај двонасочните композити покажа помала површина и поголема длабина за разлика од еднонасочните каде што беше зафатена поголема површина, но со помала деформација на задната страна од композитот.

Клучни зборови: високоперформансни полиетиленски влакна, арамидни влакна балистички композити, V50, симулатори на фрагменти, лична балистичка заштита.

Item Type: Thesis (Masters)
Subjects: Engineering and Technology > Other engineering and technologies
Divisions: Faculty of Technology
Depositing User: Katerina Hadzi-Vasileva
Date Deposited: 18 Dec 2017 14:18
Last Modified: 18 Dec 2017 14:18
URI: https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/18738

Actions (login required)

View Item View Item