Nakovska, Blagica (2017) Анализа на обем на работа во функција на регрутирање и селекција на човечките ресурси во организацијата. Masters thesis, Goce Delcev University Stip.
Preview |
Text
Blagica Nakovska.pdf Download (2MB) | Preview |
Abstract
Колку луѓе се потребни во една организација? Кои посебни способности ќе треба да ги поседуваат во наредните три години, а кои во моментов не ги поседуваат? Ова се две од најтешките прашања со кои се соочуваат менаџерите во организациите. Повеќе вработени создава поголеми трошоци, но и помалку вработени предизвикува квалитетот да опаѓа и да се пропуштаат можности. Планирањето на човечките ресурси е важно за одржување ниски трошоци, а во исто време и обезбедување продуктивна работна сила.
За да се остварат целите на организацијата, потребно е да се обезбедат соодветни човечки ресурси (по број и квалификуваност) кои ќе бидат одговорни за извршување на работните задачи. Во таа насока, менаџерите треба да направат анализа со која ќе се одреди за кои работни задачи е одговорно едно лице во организацијата, потоа врз основа на тие задачи ќе се пресмета потребниот обем на работа по вработен во организацијата, начинот на селектирање на лицата кои ќе ги извршуваат тие задачи, како и нивна доквалификација и обука со цел реализацијата на активностите на организацијата.
Клучни зборови: вработени, работна оптовареност, регрутација, селекција, дискриминација, политика на задржување, чувствителни позиции
Item Type: | Thesis (Masters) |
---|---|
Subjects: | Social Sciences > Economics and business |
Divisions: | Faculty of Economics |
Depositing User: | Katerina Hadzi-Vasileva |
Date Deposited: | 18 Dec 2017 14:16 |
Last Modified: | 18 Dec 2017 14:16 |
URI: | https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/18737 |
Actions (login required)
View Item |