Todosieva, Biljana (2017) Преферирање на харизматичното лидерство во современи услови на менаџирање. Masters thesis, Goce Delcev University Stip.
Preview |
Text
Biljana Todosieva- LEKTORIRANA.pdf Download (1MB) | Preview |
Abstract
Од денешна перспектива, враќајќи се назад, можеме да кажеме дека теориите за лидерство не се однесувале на "лидерството" туку на она што се нарекува ефикасно управување. Затоа промената морала да биде пофундаментална и посистематична. Покрај тоа, таа морала да даде резултати со коишто би се задоволиле очекувањата не само на врвниот менаџмент, туку и на сите заинтересирани страни. За да добијат конкурентска предност, фирмите требале да направат многу повеќе од подобрување на ефикасноста и зајакнување на контролата. Тие би требало фундаментално да го променат начинот на кој го гледаат светот и начинот на кој го управуваат бизнисот. Ова би значело трансформација на системи кои биле воспоставени со години, менување на цврсто утврдени култури и модифицирање на однесувањето кое долго време било наградено со успех. Навистина, повеќето менаџери претерале со традициите на компаниите, структурите на моќ и бирократијата за да се залагаат за ништо друго, освен за постепена и во голема мера неефективна промена. За многу истражувачи станало јасно дека утврдувањето на јасни цели и структуирање на стимулациите се само мал дел од целокупниот предизвик за лидерството. Заедничко разбирање за она што работи организацијата и каде таа се движи е особено важно во светот обележан со брзи промени и растечка конкуренција. Разбирањето на конкурентската средина на организацијата, идентификувањето на способностите потребни за натпревар, како и преземањето на соодветни активности за да се трансформира окружувањето на организацијата на поволен начин е она што се вели дека е лидерство. Само со силен лидер - стратешки способен и со интерперсонални вештини - ќе се промени обемот и големината потребни за да се трансформира една голема корпорација. Бидејќи веродостојноста и автентичноста лежат во срцето на лидерството, утврдувањето и дефинирањето на сопствените водечки верувања и претпоставки лежат во срцето да се стане добар лидер. Со фокусирање кон индивидуата, обезбедување структурирани повратни информации,
Item Type: | Thesis (Masters) |
---|---|
Subjects: | Social Sciences > Economics and business |
Divisions: | Faculty of Economics |
Depositing User: | Katerina Hadzi-Vasileva |
Date Deposited: | 18 Dec 2017 14:16 |
Last Modified: | 18 Dec 2017 14:16 |
URI: | https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/18736 |
Actions (login required)
View Item |