Анализа на енергетската потрошувачка на протоколи на апликациско ниво кај IoT и развој на Андроид MQTT клиент

Velinov, Aleksandar (2016) Анализа на енергетската потрошувачка на протоколи на апликациско ниво кај IoT и развој на Андроид MQTT клиент. Masters thesis, Faculty of Computer Sciences.

[thumbnail of AleksandarVelinovMagisterska.pdf]
Preview
Text
AleksandarVelinovMagisterska.pdf

Download (3MB) | Preview

Abstract

Интернетот на нештата претставува концепт со кој голем број уреди што
имаат различни карактеристики и функции се поврзани помеѓу себе со цел да
комуницираат и да разменуваат податоци. Со овој концепт е додадена нова
димензија во светот на компјутерските и на комуникациските науки. Денес,
поимот за Интернет на нештата се користи за опишување сценарија за различни
објекти, уреди, сензори, возила и апарати во домаќинството. Бројот на уреди кај
Интернетот на нештата ќе расте експоненцијално во наредните години. Овие
уреди имаат ограничени перформанси во однос на меморијата, обработувачката
моќ и капацитетот на батериjaта. Токму поради ограничениот капацитет на
батериите потребно е да се одреди кои технологии ќе бидат користени за да се
обезбеди ефикасност во поглед на енергетската потрошувачка. Токму ова е и
целта на оваа магистерска работа, односно анализа на енергетската
потрошувачка на неколку протоколи на апликациско ниво кај IoT и тоа: CoAP,
MQTT и XMPP. Според добиените резултати од извршените пробни мерења се
утврди дека протоколите CoAP и MQTT обезбедуваат најголеми заштеди на
енергија, за разлика од XMPP кој троши повеќе енергија. За сите протоколи
најмногу енергија се троши во состојба RX, додека најмалку се троши во состојба
LPM.
За целите на оваа магистерска работа развиен е MQTT-клиент за
оперативниот систем за мобилни уреди – Андроид. Тој е развиен со користење
на библиотеката Eclipse Paho за Андроид. Овој клиент го користи
објави/претплати моделот. Со него може да се објавуваат пораки и да се
претплатуваме на одредени теми се со цел да добиваме пораки.

Item Type: Thesis (Masters)
Subjects: Natural sciences > Computer and information sciences
Divisions: Faculty of Computer Science
Depositing User: Aleksandar Velinov
Date Deposited: 18 Dec 2017 09:20
Last Modified: 18 Dec 2017 09:20
URI: https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/18714

Actions (login required)

View Item View Item