Е-Бизнис

Temjanovski, Riste (2017) Е-Бизнис. Универзитет „Гоце Делчев“ - Штип, Штип. ISBN 978-608-244-370-6

[thumbnail of E-business repozitorium.pdf]
Preview
Text
E-business repozitorium.pdf

Download (3MB) | Preview

Abstract

Светот во кој живееме е свет во кој електронското работење или Е-бизнис ги диктира сите правци на современиот живот. Од своето појавување па сè до денес оваа област е во перманентен и динамичен развој и станува императив не само во меѓународното работење и домашните бизнис релации туку и составен сегмент на секојдневните културни навики. Оваа проблематика нуди одлични можности за развој на економиите во развој, на големите корпорации, но и на малите компании, бидејќи ги става во рамноправна положба со интернет технологиите. Од друга страна овозможува поединецот да ги следи технолошките развојни линии и преку информатичката технологија и Интернетот да биде вклучен во глобалните случувања.
Информатичката технологија предизвика сеизмичко подместување во сите процеси на човековите активности: животни навики, начин на учење, работа, забава, спорт, политика и со што го видоизмени целокупниот пејзаж на цивилизациските достигнувања. Светската економија денес се карактеризира со трансформација на бизнисот и појава на нов бран промени во создавањето богатство, посебно во новите економии. Со право се смета дека светот навлегува во нова ера, еден нов тип на економија - нова економија, вклучувајќи ја и глобализацијата која ги модифицира нашите односи во време, простор и опкружување.
Во денешната бизнис клима е-бизнисот може да има влијание на секој дел од организацијата на една компанија, вклучувајќи ја инфраструктурата, процесите, апликациите, вработувањето, врските, продажбата и продажните канали, каналите за дистрибуција и сл. Не само што е-бизнисот ги трансформира луѓето, компаниите и индустриите, тој оди и на многу повисоко ниво, влијае и врз успешноста на националните економии. Пристапноста до бизнис круговите кои порано биле мерени во години, сега се мерат во денови. Победници ќе бидат компаниите кои навремено ќе се вклучат во современата бизнис технологијата.

Item Type: Book
Subjects: Social Sciences > Economics and business
Divisions: Faculty of Economics
Depositing User: Riste Temjanovski
Date Deposited: 13 Dec 2017 11:36
Last Modified: 13 Dec 2017 11:36
URI: https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/18630

Actions (login required)

View Item View Item