Влијанието на промоцијата врз деловниот успех на претпријатието „Витаминка“ – Прилеп

Arsova, Monika and Temjanovski, Riste (2017) Влијанието на промоцијата врз деловниот успех на претпријатието „Витаминка“ – Прилеп. Годишен зборник, Економски факултет, 12 (9). pp. 161-168. ISSN 1857-7628

[thumbnail of Zbornik-Ekonomski zbornik 2017 Vit.pdf]
Preview
Text
Zbornik-Ekonomski zbornik 2017 Vit.pdf

Download (798kB) | Preview

Abstract

Потребата од креирање и применување на различни промотивни активности потекнува од можностите што оваа активност ги нуди за претпријатието. Со промоцијата како активност, а уште повеќе со нејзино вклучување во стратегијата на работа кај претпријатието, тоа ќе може да реализира позитивни резултати во работата. Промотивните активности, односно сите можни форми на промоција помагаат да се презентира производот на пазарот, да се влијае врз експанзија на продажбата и секако да се зачува местото на прв избор кај лојалните потрошувачи.
Промоцијата не само што влијае позитивно врз продажбата на производите и препознавањето на производите кај потрошувачите, за претпријатието е уште поважно за нејзиното влијание врз успехот. Преку постојаното позитивно зголемување на продажбата тоа влијае на успехот на претпријатието, како на финансискиот така и на целокупниот деловен успех, исто така и на имиџот на претпријатието.
Во рамките на овој научен труд се дава осврт на промоцијата како активност, како и промотивната стратегија што претпријатието „Витаминка“ ја применува на домашниот и странските пазари и како тоа влијае на неговиот долгогодишен успех. За таа цел се употребени неколку методи како, аналитичко-синтетичка метода каде се гледа како промотивната стратегија од теорија директно се применува во пракса кај „Витаминка“. Друг метод е индуктивно-дедуктивниот, односно се донесува заклучок дали елементите на промотивната стратегија се применуваат во пракса. За потребите на трудот исто така е спроведена анкета, односно имаме информации од прва рака, потрошувачите.
Клучни зборови: промотивни активности; лојални потрошувачи; имиџ; деловен успех; пазар; продажба.

Item Type: Article
Subjects: Social Sciences > Economics and business
Divisions: Faculty of Economics
Depositing User: Prof.d-r Riste Temjanovski
Date Deposited: 14 Dec 2017 08:23
Last Modified: 14 Dec 2017 08:23
URI: https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/18629

Actions (login required)

View Item View Item