Ivanov, Jelena (2017) Улогата на менаџментот во креирањето на стратегија во здравствените организации. Masters thesis, Goce Delcev University Stip.
Финална верзија магистерска Јелена Иванов.pdf
Download (1MB) | Preview
Abstract
Здравствениот систем во Република Македонија претрпел и сè уште трпи промени во однос на различни периоди во кои се наоѓа земјата во рок од неколку декади пред и по нејзиното осамостојување. Во оваа смисла не само нашата земја туку и пошироко во регионот во текот на изминатиот период се создавале услови за континуирано менување и подобрување на функционирањето на здравствениот систем. Таканаречниот транзитен период, период на значителна стагнација на прогресот, е феномен, или подобро период-фактор, забележан во многуте земји од Балканот и пошироко.  Особеностите кои ги бележиме во здравствениот систем во овој период се од особено значење за континуираното следење и согледување на денешната состојба во здравствениот систем во Република Македонија и во земјите во нејзиното опкружување. Постојаното унапредување на квалитетот на здравствената заштита се заснова на вредностите кои се вградени во концептот за квалитетот на работата и следната усвоена секојдневна пракса на здравствените установи:  насоченост кон корисникот (пациентот),  безбедност,  делотворност, правовременост, ефикасност,  правичност. 
 
 
 
Клучни зборови: здравствена заштита, стратегија на менаџмент, менаџери во здравствените установи.
| Item Type: | Thesis (Masters) | 
|---|---|
| Subjects: | Social Sciences > Economics and business | 
| Divisions: | Faculty of Economics | 
| Depositing User: | Katerina Hadzi-Vasileva | 
| Date Deposited: | 12 Dec 2017 10:59 | 
| Last Modified: | 12 Dec 2017 10:59 | 
| URI: | https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/18594 | 
