Biodentaplast – флексибилен материјал за изработка на скелетирани парцијални протези

Kocovski, Darko and Dimova, Cena and Zlatanovska, Katerina and Zarkova-Atanasova, Julija (2017) Biodentaplast – флексибилен материјал за изработка на скелетирани парцијални протези. Vox Dentarii Информатор на стоматолошката комора на Македонија, 2 (37). pp. 40-42. ISSN 1857-7814

[thumbnail of vox-dentarii-37_vox-dentalii-web1.pdf] Text
vox-dentarii-37_vox-dentalii-web1.pdf - Published Version

Download (3MB)

Abstract

Со напредокот на естетската и минимално инвазивната стоматологија се повеќе се користат флексибилни, биокомпактибилни парцијални протези изработени од термопластични материјали кои се целосно естетски и без препарација на преостанатите заби. Една од поголемите групи на материјали кои се користат за изработка на естетски парцијални протези се ацетил смолите (полиоксиметилен).
Целта на студијата беше да се прикажат новитети во материјалите за изработка на парцијални протези кои во целост ги задоволуваат естетските и биолошките барања на стоматопротетските изработки. За изработка на оваа студија беше извршено опсежно пребарување на релевантната научна и стручна литература која е во врска со оваа проблематика.
BioDentaplast е материјал кој има голема флексибилност што го прави отпорен на кршење, полесен за адаптација на потпорните ткива. Протезната база може максимално да се редуцира, има голема транспарентност и со овој материјал може, исто така успешно да се имитираат бојата на гингивата и забите. Kукичките на овие парцијални протези се изработени од истиот материјал од кој што се изработени скелетот и седлата на протезата. Материјалот е биокомпактибилен и има мала специфична тежина што го прави многу прилагодлив во устата на пациентот. Се користи и кај пациенти кај кои не е завршен растот и развојот на орофацијалните структури бидејќи лесно е прифатлив и овозможува непречен понатамошен раст и развој.
Ацетил смолите, а BioDentaplast-от како предводник на новата генерација биле произвени со цел да се елиминираат повеќето негативните особини на преостанатите материјали за изработка на парцијални протези.
Клучни зборови: ацетил смоли, биокомпактибилност, скелет, естетика флескибилност.

Item Type: Article
Subjects: Medical and Health Sciences > Basic medicine
Medical and Health Sciences > Clinical medicine
Medical and Health Sciences > Health biotechnology
Medical and Health Sciences > Health sciences
Medical and Health Sciences > Other medical sciences
Divisions: Faculty of Medical Science
Depositing User: Cena Dimova
Date Deposited: 11 Dec 2017 09:57
Last Modified: 11 Dec 2017 09:57
URI: https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/18557

Actions (login required)

View Item View Item