Serrapeptase -чудотворен ензим

Dimova, Cena (2017) Serrapeptase -чудотворен ензим. Vox Dentarii Информатор на стоматолошката комора на Македонија, 2 (37). p. 25. ISSN 1857-7814

[thumbnail of vox-dentarii-37_vox-dentalii-web1.pdf] Text
vox-dentarii-37_vox-dentalii-web1.pdf - Published Version

Download (3MB)

Abstract

Serrapeptase или Serratiopeptidase е ензим кој во последниве триесетина години наоѓа сè поширока употреба во различни медицински и хируршки специјалности, како ортопедија, трауматологија, оториноларингологија, пулмологија, гинекологија, но и во стоматологијата, особено во оралната и максилофацијалната хирургија.
Серапептазе е протеолитички ензим (Е-15) кој е изолиран од микроорганизми кои се автохтони во дигестивниот систем на свилените буби и ензимот има многу силно дејство на разлагање на протеини. Всушност, овие микроорганизми го продуцираат овој ензим со кој се разградува листот на дудинка со која ларвите се хранат и потоа тие можат да ја изградат чаурата на свилената буба. Изолацијата на овој ензим била во 60-тите години на минатиот век се применува како анти-инфламаторно и анти-едематозно, како и аналгетско средство, најпрво во Европа и Јапонија, а потоа ширум светот како средство- додаток при клиничката рехабилитација на пациентите.
Поновите истражувања укажуваат на голем број позитивни дејства на овој ензим како на пример:
- лекарите го препорачуваат како природна замена на Ibuprofen и други слични лекови,
- делува на елиминација на атеросклеротичните плаки на крвните садови без оштетување на здравите клетки на ѕидот на крвните садови,
- намалување на холестерол и триглициериди во крвта,
- намалување и отстранување на слуз во дишните патишта,
- во склоп на третманот на акутен и хроничен синуситис и отитис,
- додаток на терапијата на трауматски повреди,
- додаток на неконвенционалната терапија при малигнитети и рак и друго.
Во најново време во Германија и САД се вршат клинички испитувања на серапептазе како додаток на терапија за превенција на заболувања на крвните садови и превенција од мозочен удар.
Научните и стручните стоматолошки форуми го препорачуваат овој ензим како додаток при терапијата на акутната одонтогена инфекција и во постоперативниот период на секоја орално хируршка интервенција, поготово по оперативно вадење на импактирани трети молари и како при компликации и инфекции по дентално имплантирање.
Сепак треба да се има предвид дека треба да се избегнува употребата на серапептазе кај пациенти кои примаат антикоагулантни средства, аспирин, варфарин, diklofenak, ibuprofen, naproksen, heparin, како и рибино масло, лук и куркума.

Item Type: Article
Subjects: Medical and Health Sciences > Basic medicine
Medical and Health Sciences > Clinical medicine
Medical and Health Sciences > Health biotechnology
Medical and Health Sciences > Health sciences
Medical and Health Sciences > Other medical sciences
Divisions: Faculty of Medical Science
Depositing User: Cena Dimova
Date Deposited: 10 Nov 2017 09:58
Last Modified: 10 Nov 2017 09:58
URI: https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/18556

Actions (login required)

View Item View Item