Nehtenin, Martina (2017) Финансиската анализа на Извештајот за сеопфатна добивка како основа за ефикасно деловно одлучување. Masters thesis, University Goce Delcev Stip.
Magisterski trud-Martina Nehtenin-konecna.pdf
Download (2MB) | Preview
Abstract
Зошто е потребна анализа на финансиските извештаи? Одговорот се наоѓа во несовршеноста на системот на финансиско известување, изразена преку: несовпаѓањето помеѓу случувањето на деловните настани и нивното сметководствено признавање; различниот сметководствен третман на исти деловни трансакции во различни земји, дејности или компании; постоењето на значајни информации надвор од финансиските извештаи кои се значајни за формулирање на оценка за работењето на компаниите и слично. Анализата на финансиските извештаи претставува употреба на сметководствените податоци во процесот на донесување деловни и инвестициони одлуки. Финансиските извештаи претставуваат прегледи кои го опфаќаат целокупното работење на компанијата. Процесот на анализа на финансиските извештаи е дизајниран за да им помогне на деловните луѓе, инвеститорите и кредиторите да научат како да ги читаат, интерпретираат и анализираат подготвените финансиски извештаи. Таа се фокусира пред се на финансиските показатели кои ги користат аналитичарите, инвеститорите, менаџерите и другите заинтересирани субјекти, со кои се врши евалуација на финансиската состојба, оперативните перформанси и готовинските текови на работењето на компаниите  
Предмет на анализа во овој магистерски труд е Извештајот за сеопфатна добивка (билансот на успех) кој претставува периодичен преглед на остварените приходи и расходи на компанијата во пресметковниот период, како и на финансискиот резултат. Информацијата за остварениот финансиски резултат на компанијата е една од основните врз која заинтересираните субјекти ги темелат своите деловни одлуки.  
 Клучни зборови: финансиски извештај, сеопфатна добивка, приходи, расходи, анализа.
| Item Type: | Thesis (Masters) | 
|---|---|
| Subjects: | Social Sciences > Economics and business | 
| Divisions: | Faculty of Economics | 
| Depositing User: | Katerina Hadzi-Vasileva | 
| Date Deposited: | 09 Nov 2017 12:27 | 
| Last Modified: | 09 Nov 2017 12:27 | 
| URI: | https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/18528 | 
