Микрокомпјутери

Stefanov, Goce (2017) Микрокомпјутери. ISBN 978-608-244-415-4.

Full text not available from this repository.

Abstract

Скриптата Микрокомпјутери е наменета за изучување на наставното градиво по предметот микрокомпјутери и програмабилни контролери на студентите од четврта година на Електротехничкиот факултет при универзитетот Гоце Делчев. Материјата е концепирана согласно материјалот кој студентите го слушаат на часовите по предавања по овој предмет. Скриптата се состои од седум тематски дела. Првиот дел е воведен и со него студентите се запознаваат со основите на микрокомпјутерите, развој, историја, основна архитектура. Во вториот дел е даден преглед на архитектурата на микрокомпјутерот 16F84(А). Овде се анализира неговата конкретна архитектура, пински дијаграм, мемориски и периферен простор, инструкциски циклуси. Во третиот дел се анализират паралелните влезно-излезни портови на микрокомпјутерот, излезните карактеристики на логичките кола, како и поврзување на прекинувачи и потрошувачи на влезно-излезните порти на микрокомпјутерот. Во четвртиот дел се разгледува програмирањето на микрокомпјутерите, нивниот инструкциски сет и процесот на развој на програмот. Во петиот дел е дадена постапката за изградба на програм во асемблер јазикот MPASAM, преку градење на структуирани програми, контрола на текот – условно разгранување и сабрутини, генерирање на временски доцнења и интервали како и работење со податоци. Во овој дел исто така се разгледани и логичките инструкции. Во шестиот дел е направена анализа на работата на серискиот порт, за комуникација на микрокомпјутерот со PC или друг микрокомпјутер. Во седмиот дел се дадени две апликации со микрокомпјутери. Едната со микрокомпјутерот 16F877 во апликација на регулирање на температура и другата со микрокомпјутерот 16F452 во апликација на одржување константна фазна разлика кај енергетските конвертори..

Item Type: Teaching Resource
Subjects: Engineering and Technology > Electrical engineering, electronic engineering, information engineering
Divisions: Faculty of Electrical Engineering
Depositing User: Goce Stefanov
Date Deposited: 08 Nov 2017 11:29
Last Modified: 08 Nov 2017 11:29
URI: https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/18515

Actions (login required)

View Item View Item