Gjorgjeska, Biljana (2014) Добра лабораториска пракса. Универзитет „Гоце Делчев“ - Штип. ISBN 978-608-4708-80-3
Full text not available from this repository.Abstract
Во светски рамки добрата лабораториска пракса станува формално регулаторно барање во САД уште во седумдесетите години од минатиот век. Во осумдесетите Организацијата за економска соработка и развој (ОЕСD) ги поставува како предуслов за меѓусебно прифаќање на податоци при оценувањето на хемиските супстанци кои се предмет на трговска размена помеѓу земјите. Со цел да им помогне на земјите во развој, Светската здравствена организација во 2001 година објави прирачник во кој ги објаснува стандардите за квалитет за Добра лабораториска пракса (ДЛП) кои треба да се применуваат кај неклинички испитувања и развој на потенцијални медицински производи.
Начелата на добрата лабораториска пракса претставуваат основа на системот за квалитет за регулирање на постапките за ставање на хемикалии и лекови во прометот и во употребата, во регистрацијата, во пријавувањето или во известувањето. Начелата на добрата лабораториска пракса се услов кој треба да ги задоволи лабораториите кои вршат испитување на својствата на опасните хемикалии и лекови, како и на нивната безбедност за здравјето на луѓето и околината.
Во Република Македонија начелата за Добрата лабораториска пракса се дефинирани со Правилникот за начела на Добрата лабораториска пракса во кој точно се означени сите барања и
принципи за работа. Правилникот е донесен во 2010 година од страна на Министертвото за здравство на Република Македонија врз основа на член 90 став 2 од Законот за хемикалии.
Item Type: | Book |
---|---|
Subjects: | Medical and Health Sciences > Basic medicine Natural sciences > Chemical sciences Medical and Health Sciences > Health sciences Medical and Health Sciences > Other medical sciences |
Divisions: | Faculty of Medical Science |
Depositing User: | Biljana Gorgeska |
Date Deposited: | 07 Nov 2017 09:29 |
Last Modified: | 07 Nov 2017 09:29 |
URI: | https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/18473 |
Actions (login required)
View Item |