Придонесот на ревизијата и ревизорските извештаи кон подигање на квалитетот на финансиското известување и кон зголемување на меѓународното движење на капитал

Dimitrova, Janka (2016) Придонесот на ревизијата и ревизорските извештаи кон подигање на квалитетот на финансиското известување и кон зголемување на меѓународното движење на капитал. Меѓународна научна и практична конференција „Управување со развојот на економските регионални системи“. ISSN ISBN 978-608-244-374-4

[thumbnail of rusija makedonija final%5b1%5d-.pdf]
Preview
Text
rusija makedonija final%5b1%5d-.pdf

Download (2MB) | Preview
[thumbnail of JD1.pdf]
Preview
Text
JD1.pdf

Download (478kB) | Preview

Abstract

Квалитетното финансиско известување е темел на функционалното пазарно стопанство и основа за здрав финансиски систем. Инвеститорите бараат јасна слика за состојбата на средствата и изворите на компаниите како и за опкружувањето во кое стопанисуваат. Со прифаќањето и примената на МСФИ во најголем број земји во светот се овозможи унифицираност при презентирањето на информациите во финансиските извештаи, а со тоа и разбирање на истите од поголем број стеикхолдери.
Ревизијата како научна и професионална дисциплина претставува значајна поддршка за финансискиот и економскиот развој во земјите. Целта на ревизијата е на заинтересираните страни да им обезбеди докази за веродостојноста на презентираните информации, што се добиени од оние на кои им е доверено управувањето со имотот на друштвото, со што се подига кредибилитетот на презентираните информации и нивна употреба при донесување одлуки за инвестирање во национални и интернационални рамки.
Цел на истражување во овој труд ќе биде презентирање на придонесот на ревизијата и ревизорските извештаи кон подигање на квалитетот на финансиското известување и кон зголемување на меѓународното движење на капитал, како и придонесот и меѓународната соработка на ревизорските асоцијации во насока на унапредување на ревизорската професија, за да го поттикне придржувањето кон високите професионални стандарди во ревизиската професија, како и да ја зајакне довербата на инвеститорите во податоците кои се објавени во финансиските извештаи.

Клучни зборови: информации, инвестиции, развој, професионални стандарди, меѓународна соработка

Item Type: Article
Subjects: Social Sciences > Economics and business
Divisions: Faculty of Economics
Depositing User: Janka Dimitrova
Date Deposited: 08 Nov 2017 08:28
Last Modified: 08 Nov 2017 08:28
URI: https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/18469

Actions (login required)

View Item View Item