Светскaта економска криза и нејзиното влијание на пазарот на капитал согледано преку инвестициските фондови

Miseva, Kristina (2011) Светскaта економска криза и нејзиното влијание на пазарот на капитал согледано преку инвестициските фондови. Меѓународен дијалог: исток-запад (култура, славјанство и економија). Зборник на трудови Втора меѓународна научна конференција, 2. pp. 280-284. ISSN 978-608-4559-03-0

[thumbnail of Светската економска криза и нејзиното влијание на пазарот на капитал.pdf] Archive
Светската економска криза и нејзиното влијание на пазарот на капитал.pdf - Published Version

Download (448kB)
[thumbnail of Zbornik-VtoraMegKonferencija.pdf]
Preview
Text
Zbornik-VtoraMegKonferencija.pdf

Download (5MB) | Preview

Abstract

Во претходната деценија скоро сите држави во светот беа погодени од економската криза која, ја разниша финансиската стабилност воопшто и ги фрли на колена светските велесили пред нивната немоќ да го спречат крахот на берзите, банкротот на неколку големи банки, инвестициски компании, јавните и приватните фондови, финансиски друштва и останати финансиски институции. По глобалната економска криза на финансиските системи беше неопходно државите, односно, владите да интервенираат со огромни средства за да го зачуваат интегритетот на финансиските институции.
Во секоја пазарна економија, пазарот на капитал како сегмент на финансискиот пазар однапред треба да биде така конципиран преку него да се остваруваат определени цели, кои однапред треба да ги знаат учесниците на пазарот. Пазарот на капитал претставува конкретна институционалана структура која ја сочинуваат институции, инструменти и механизми преку кои се врши сретнување на понудата и побарувачката на долгорочни финансиски средства, со цел тие да се алоцираат кај субјектите на кои им се потребни за финансирање на инвестициите во капитални добра.
Институционалните инвеститори се дел од таа финансиска инфраструктура, чии носечки столбови се: банките, инвестициските компании, инвестициските фондови, пензиските фондови и осигурителните друштва. Тие се од голема важност за развојот на финансискиот пазар на една земја.

Item Type: Article
Subjects: Social Sciences > Law
Divisions: Faculty of Law
Depositing User: Kristina Miseva
Date Deposited: 01 Dec 2014 14:33
Last Modified: 01 Dec 2014 14:33
URI: https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/1846

Actions (login required)

View Item View Item