Boskov, Tatjana (2010) Олеснување на трговијата и ефектите врз развојот на бизнисот во Р. Македонија. Masters thesis, St. Clement of Ohrid University of Bitola.
magisterski trud(tatjana dzaleva).pdf
Download (217kB) | Preview
Abstract
Имајќи предвид дека мерките за олеснување на трговијата имлицираат бројни придобивки за земјите манифестирани преку зголемување на конкурентноста, намалување на трошоците, зајакната контрола од страна на државата, зголемена предвидливост и транспарентност, магистерскиот труд е насочен кон анализа и согледување на потенцијалите за редуцирање и поедноставување на административните и процедуралните бариери при реализацијата на трговските трансакции како суштинска претпоставка за поттикнување на меѓународната трговска соработка на домашните деловни субјекти и унапредување на нивните бизнис активности. Корисните согледувања и резултати во однос на креирањето на стратегиските насоки, ќе придонесат за редуцирање на комплексноста и трошоците од една страна , и зголемување на ефикасноста и динамизирање на трговската соработка на Македонија со странство, од друга страна.
Основната цел на овој труд е определување на состојбите во доменот на олеснувањето на трговијата во Р.Македонија, како и согледување на нејзините ефекти врз унапредување и динамизирање на бизнисот.
Оттука, со овој труд се направи напор да се дадат одговори на неколку значајни прашања, коишто треба да придонесат за:
• идентификација на светските трендови во контекст на она што означува олеснување на трговијата и кои се потребите и приоритетите наметнати од истата;
• согледување на ефектите од институционалните и регулативните механизми за олеснување на трговијата врз развојот на бизнисот во глобални рамки;
• градење стратегија за развој на трговијата во Р.Македонија и оптимализација на бизнис климата и бизнисот преку олеснувањето на трговијата;
• определување на можностите и потенцијалите на земјата за креирање на интегриран трговски систем преку на воспоставување механизми за мрежно поврзување на бизнис заедницата, владата и релевантните институции.
Item Type: | Thesis (Masters) |
---|---|
Subjects: | Social Sciences > Economics and business |
Divisions: | Faculty of Tourism and Business Logistics |
Depositing User: | Tatjana Boskov |
Date Deposited: | 02 Nov 2017 12:59 |
Last Modified: | 02 Nov 2017 12:59 |
URI: | https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/18442 |