Влијанието на девизниот курс врз надворешно-трговската размена во мала и отворена економија - Република Македонија

Boskov, Tatjana (2014) Влијанието на девизниот курс врз надворешно-трговската размена во мала и отворена економија - Република Македонија. PhD thesis, St. Clement of Ohrid University of Bitola.

[thumbnail of Докторска дисертација-Татјана  Бошков.pdf]
Preview
Text
Докторска дисертација-Татјана Бошков.pdf

Download (425kB) | Preview

Abstract

Во согласност со предметот на научното истражување, главна цел на оваа дисертација се предизвиците да се естимира девизниот курс во Р.Македонија, а следствено, корисните согледувања и резултати да помогнат во креирањето на стратегиските насоки т.е. резултати кои ќе придонесат за размислување и креирање стратегија девизниот курс да се употреби не само како инструмент за одржување на ценовната стабилност туку и како инструмент за подобрување на перформансите на извозот, односно зголемување на економскиот раст во Македонија и зајакнување на стабилноста на финансискиот систем. Се разбира тука цел е исто така важен момент за Р. Македонија – предизвикот да биде дел од Европската Унија.
Оттука, со овој труд се направија напори да се дадат одговори на неколку значајни прашања коишто треба да придонесат за:

 влијанието на девизниот курс врз трговијата на една земја како Македонија - пример за мала и отворена економија - да се согледа во контекст на продолжена интеграција на синџирите на снабдување;
 утврдување на рамнотежен девизен курс и факторите што го детерминираат девизниот курс со цел да се надминат слабостите и да се дејствува во насока на зголемување на економскиот раст;
 одржувањето на раст и намалувањето на невработеноста во мала и отворена економија како Македонија зависи токму од подобрувањето на перформансите на извозот кои можат да помогнат да се зачува макроекономската стабилност преку затворање на јазот кај тековната сметка за да се избегне губењето на резерви и да го запре растот на надворешниот долг. Подобрувањето на перформансите на извозот бара подобрување на конкурентноста;
 членството во Европската Унија може да ја подобри ситуација на Македонија само ако пристапот во голема мера ја прави Македонија локација од која странските инвеститори може да ѝ служат на пазарите ЕУ и ако самата домашна индустрија, со помош на СДИ, може да ги преземе потребните промени за нејзиниот аутпут;
 определување на можностите и капацитетите на мала и отворена економија како Македонија со помош на реалниот девизен курс како инструмент, да се увидуваат перформансите за можност за раст на извозот, зголемување на агрегатната побарувачка, односно зголемување на економскиот раст и зајакнување на стабилноста на финансискиот систем.

Item Type: Thesis (PhD)
Subjects: Social Sciences > Economics and business
Divisions: Faculty of Tourism and Business Logistics
Depositing User: Tatjana Boskov
Date Deposited: 02 Nov 2017 12:59
Last Modified: 02 Nov 2017 12:59
URI: https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/18441

Actions (login required)

View Item View Item