Gaber, Stevan (2017) Фискална политика на Европска унија - практикум. ISBN 978-608-244-432-1.
Full text not available from this repository.Abstract
Практикумот „Фискална политика на ЕУ“ има за основна цел да обезбеди учебно помагало со кое ќе може да се реализираат вежбите по предметите:„Монетарна и фискална политика на ЕУ“, „Јавни финансии“ и „Локални финансии“, а кои се изучуваат на неколку студиски насоки на Економскиот факултет при Универзитетот „Гоце Делчев“ - Штип.
Првично, пред да се пристапи кон изработка на овој практикум беше застапена дилемата дали е потребно воопшто да се изработи практикум за предмети кои се претежно теоретски, но искуството од реализацијата на вежбите ми послужи да размислам кон понуда на ова учебно помагало, кое треба да им претставува една олеснителна околност на студентите при реализацијата на часовите за вежби по соодветните предмети.
Практикумот е составен од повеќе точки, односно теми, кои треба да бидат предмет на дискусија или дебата помеѓу одредени групи студенти на часовите за вежби. Секоја група студенти има за задача да подготви аргументи „за“ и „против“
одредена тема и тие треба да ги презентира пред останатите студенти на часот. По завршената презентација на аргументите, студентите треба да бидат подготвени да одговорат на прашања од страна на професорот и останатите студенти. Откако ќе биде реализирана одбраната на наведените аргументи, секој студент добива соодветен потпис од професорот, како верификација на своето присуство на вежбите по соодветниот предмет.
Практикумот содржи 40 наслови, како и оставен простор за обработка на некои актуелни теми кои може да побудат интерес кај студентите. Темите наведени во него ги покриваат предвидените наставни содржини за предметите: „Монетарна и фискална политика на ЕУ“ и „Јавни финансии“, а делумно и „Локални финансии“, кои се изучуваат на Економскиот факултет при Универзитет „Гоце Делчев“ – Штип.
Item Type: | Teaching Resource |
---|---|
Subjects: | Social Sciences > Economics and business |
Divisions: | Faculty of Economics |
Depositing User: | Stevan Gaber |
Date Deposited: | 24 Oct 2017 09:29 |
Last Modified: | 24 Oct 2017 09:29 |
URI: | https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/18362 |
Actions (login required)
View Item |