Фискална политика на Европска унија

Gaber, Stevan (2017) Фискална политика на Европска унија. ISBN 978-608-244-431-4.

Full text not available from this repository.

Abstract

Фискалната политика претставува една од најзначајните економски политики,која треба да овозможи подобрување на животниот стандард на граѓаните во една национална економија. Со примената на јавните приходи и јавните расходи треба да се овозможи остварување на многубројни економски и социјални цели во општеството од кои најважни се: полна вработеност, ниска стапка на инфлација, високи стапки на
економски раст и развој и сл. Таквата интенција би останала неостварена, доколку нема соодветна соработка и координација со монетарната политика раководена од централната банка. Во секоја национална економија, координацијата меѓу фискалната
и монетарната политика е круцијален фактор за остварување на поставените макроекономски цели. Токму тоа е проблемот во Европската унија, бидејќи, од една страна, имаме унифицирана монетарна политика управувана од една Европска централна банка, а од друга, суверена национална фискална политика менаџирана од секоја посебна држава-членка на ЕУ. Независната и неодговорна фискална политика на некои земји во унијата генерираше сериозни економски проблеми, кои се пренесоа и на останатите земји во ЕУ кои водат прудентна фискална политика.
Според тоа, ракописот „Фискална политика на ЕУ“ има за цел да ги долови досегашните реформи и напредокот што е постигнат во полето на фискалната политика на Европската унија, но и соодветно да ги елаборира и предизвиците поврзани со поголемата економска интеграција. Тоа дефинитивно во прв план го става буџетот на ЕУ, процесот на даночна хармонизација и должничките аспекти на фискалната политика на Унијата. Иако ова поле сеуште не е експлоатирано максимално од ЕУ, очигледни се напорите што се прават за решавање на овие отворени фискални прашања што води
кон оправданост за издавање на еден таков ракопис.
Авторот првенствено адресира некои основни прашања поврзани со основањето на Европската унија, а потоа се пристапува кон обработка на некои основни монетарни прашања, како она за економска и монетарна унија. Најважниот фокус во трудот е
посветен на фискалните прашања кои заслужуваат сериозен пристап поради нивната релевантност, која можеше да се воочи и со последната европска должничка криза. Предизвици во Европската унија се бројни, започнувајќи со заедничкиот буџет на ЕУ, кој има тенденција на раст за да ги задоволи зголемените потрошувачки потреби на сите земји-членки на Унијата, но и преку потребата за интензивирано усогласување на различните даночни системи на земјите-членки на ЕУ, кои се извор за големи економски разлики, односно богат север и сиромашен југ. Даночната конкуренција е еден таков предизвик, кој треба да биде надминат со процесот на даночна хармонизација. Голема помош во надминување на економските несогласувања меѓу земјите-членки на Унијата има Пактот за стабилност и раст, кој треба да биде столб за фискалната дисциплина во ЕУ имплементирана преку фискалните правила.

Item Type: Teaching Resource
Subjects: Social Sciences > Economics and business
Divisions: Faculty of Economics
Depositing User: Stevan Gaber
Date Deposited: 24 Oct 2017 09:27
Last Modified: 24 Oct 2017 09:27
URI: https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/18361

Actions (login required)

View Item View Item