Хепатитис Б и хепатитис Ц вирусни инфекции - можности за современа микробиолошка дијагноза - микробиолошка дијагноза и инциденца во Штип

Dimic, Ivana (2017) Хепатитис Б и хепатитис Ц вирусни инфекции - можности за современа микробиолошка дијагноза - микробиолошка дијагноза и инциденца во Штип. Other thesis, Goce Delcev University Stip.

[thumbnail of (конечен) Ивана Димиќ - lektoriran trud .pdf]
Preview
Text
(конечен) Ивана Димиќ - lektoriran trud .pdf

Download (1MB) | Preview

Abstract

Хепатитис Б вирусот е еден од најмалите хумани патогени. Хепатитис Б вирусот е ДНК вирус со сложена структура и голема отпорност во надворешната средина. Вирусот ѝ припаѓа на фамилијата Hepadnaviridae.
Хепатитис Ц вирусот му припаѓа на семејството Flaviviridae. Тоj е РНК вирус составен од единствената вретенеста РНК.
Во светот бројот на лица заболени од ХБВ и ХЦВ секојдневно се зголемува. Хепатитис Б вирусот и хепатитис Ц вирусот претставуваат вирусни заболувања кои го напаѓаат црниот дроб, се пренесуваат преку крв, плазма, сексуални односи и др. Вирусите хепатитис Б и хепатитис Ц се докажуваат со повеќе методи, најчесто со брзи тестови. Задолжителни потврдни техники се ELFA, PCR, IMMULITE и др. техники.
Ова истражување вклучува повеќе групи и тоа лица кои се јавиле на лекарски преглед поради некоја мачнина, крводарители, зависници од наркотични средства, затвореници. Испитаниците се поделени според возраст и пол. Испитувани се HbsAg со VIDAS апарат и антитела за ХЦВ инфекција.
Клучни зборови: ELFA, HbsAg, PCR, ХБВ, ХЦВ, ХЦВ антитело

Item Type: Thesis (Other)
Subjects: Medical and Health Sciences > Other medical sciences
Divisions: Faculty of Medical Science
Depositing User: Katerina Hadzi-Vasileva
Date Deposited: 18 Oct 2017 12:41
Last Modified: 18 Oct 2017 12:41
URI: https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/18347

Actions (login required)

View Item View Item