Temjanovski, Riste and Jovanov, Tamara (2017) Глобалното донесување на стратегиски одлуки и улогата на транспортот: случајот на ЕУ. Macedonian International Journal of Marketing, 3 (6). ISSN 1857-9795
Preview |
Text (Journal info and editorial board)
Macedonian-Intl-Journal-of-Marketing-Issue-6-INFO.pdf - Published Version Download (763kB) | Preview |
Preview |
Text (published paper)
Macedonian-Intl-Journal-of-Marketing-Issue-6-paper.pdf - Published Version Download (461kB) | Preview |
Abstract
Транспортната инфраструктура претста-вува 'рбетен столб и основна артерија за добро функционирање на економските активности на секоја земја и клучен фактор за нејзино поврзување со бизнис пазарите ширум светот. Економските придобивки од инвестициите во транспортната инфраструктура се долгорочна конкурентност, продуктивност, иновации, пониски цени и повисоки приходи, кои се од клучно значење за економскиот просперитет на секое општество. Несомнено, транспортните погодности се во пораст во актуелната политика на секое општество, особено денес во ерата на глобализацијата. Секоја економија на национално и регионално ниво, мора да го развива интересот во ревитализација на своите транспортни системи и да биде во чекор со глобалните предизвици.
Транспортот претставува еден од најзначајните фактори за економски развој присутен во сите сфери на човековите активности. Тој овозможува зголемена мобилност и поврзување на сите дестинации ширум светот, ја стимулира трговијата, формира нови пазари, има директно влијание во секторот на услуги (посебно туризмот), па поради тоа има големо значење во економскиот развој на секоја земја. Напредокот во транспортната технологија има силен одраз во примената на нови методи во производните процеси, нови и зајакнати социјални, политички и економски врски помеѓу земјите во географскиот простор.
Item Type: | Article |
---|---|
Subjects: | Social Sciences > Economics and business |
Divisions: | Faculty of Economics |
Depositing User: | Tamara Jovanov |
Date Deposited: | 18 Oct 2017 09:16 |
Last Modified: | 13 Aug 2018 10:36 |
URI: | https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/18323 |
Actions (login required)
View Item |