Хидрогеолошки карактеристики на геотермалниот систем на бањата Кежовица - Штип

Gerasimov, Darko (2017) Хидрогеолошки карактеристики на геотермалниот систем на бањата Кежовица - Штип. Masters thesis, University of Goce Delcev.

[thumbnail of magisterska.pdf]
Preview
Text
magisterska.pdf

Download (5MB) | Preview

Abstract

Геотермалниот систем на Бањата Кежовици се наоѓа во источниот дел на Република Македонија во близина на Ново Село, на околу 2,5 km југозападно од центарот на градот Штип.
Од геотектонски аспект, поширокиот регион на истражуваниот простор се наоѓа на граничната зона помеѓу српско - македонската маса и вардарската зона, а додека поблиската околина на бањата Кежовица припаѓа во вардарската зона.
Бањата Кежовица е позната уште од времето на турското владеење во Македонија кога се користела, како и денес, за здравствени цели и за лична хигиена. Пишувани податоци за изградбата на бањата не постојат, но се претпоставува дека таа е изградена од Турците кој крајот на XVII век. Во рамките на геотермалниот систем на бањата Кежовица постојат четири бунари од кои може да се врши експлоатација на термоминералната вода, кои се означени како Б-1, Б-2, Б-3 и Ес-3. Сите четири бунари се изработени од Геолошки завод од Љубљана, Ес-3 во 1953, Б-1, Б-2 и Б-3 во 1976/77 година.
Бунарите Б-1 и Ес-3 се наоѓаат во непосредна близина на бањата Кежовица и термоминералната вода од нив се користи за потребите на бањата и за физикалната терапија. Другите два бунари означени како Б-2 и Б-3 се наоѓаат на локалитетот Л’џи во близина на реката Брегалница. Термоминералната вода од овие два бунара моментално не се користи. На овој локалитет, во близина на бунарот Б-2 се наоѓа извор со термоминерална вода што се користи од локалното население на Ново Село.
За одредување на експлоатационата издашност на бунарите во текот на октомври 2015 година е извршено нивно тестирање.
Поединечниот експлоатационен капацитет на црпење на бунарите изнесува Qexp Б-1 = 1,7 l/s, Qexp Б-2 = 12,5 l/s, Qexp. Б -3 = 8,9 l/s, Qexp. S-3 = 3,3l/s
Вкупниот експлоатационен капацитет на сите бунари изнесува Q vkup = 1,7 + 12,5 + 8,9 + 3,3 = 26, 4 l/s.
5
Во текот на тестирањето на бунарите е мерена и температурата на водата при што кај Б-1 е измерена температура од 58оС., Б-2 52оС, Б-3 61оС. и кај Ес-3 62оС.
Основните хидрогеолошки параметри на водоносната средина - коефициентот на филтрација (К), коефициентот на трансмисивност (Т) и радиусот на влијание (R), се пресметани за услови на стационарно струење во рамки на водоносник со ниво под притисок, без директно влијание на површински води.
Коефициентот за филтрација за бунарот Б-1=0,688 (m/den) , Б-2=0,034 (m/den) , Б-3=51,36 и за Ес-3=38,29.
Коефициентот за трансмисивност за бунарот Б-1=16,67 (m2/s) , Б-2=3,3 (m2/s), Б-3=51,36 (m2/s) и за Ес-3 =38,29(m2/s).
Радиусот на депресија за бунарот Б-1=68 m, Б-2=62 m, Б-3=155 m и за Ес-3=49 m.
Вредностите на хидрогеолошките параметри од бунар до бунар се разликуваат, што укажува на нехомогената испуканост на гранитите, односно нехомогената порозност во водоносната средина.
Вредностите на радиусите на влијание покажуваат дека постои радиус на влијание помеѓу Б-1 и Ес-3 и помеѓу Б-2 и Б-3, бидејќи растојанието помеѓу Б-1 и Ес-3 е само 4 m, a помеѓу Б-2 и Б-3 е 30 тина m. Додека радиус на влијание помеѓу бунарите Б-1 и Ес-3 во однос на бунарите Б-2 и Б-3 не постои, бидејќи растојанието помеѓу Б-1 и Ес-3 во однос на дупнатините Б-2 и Б-3 изнесува повеќе од 300 m. Радиусот на влијание помеѓу споменатите бунари како што беше споменато е регистриран и со истовременото тестирање на бунарите Б-1 и Ес-3 и на Б-2 и Б-3.
Врз основа на добиените податоци со хидрогеолошките истражувања се пресметани: статичките, експлоатационите и динамичките резерви на термоминералната вода во геотермалниот систем на бањата Кежовица.
Статичките резерви за геотермалниот систем за површина од 1 km2 изнесуваат Qst.=10,1 x 10 6 m³.
Динамичките резерви се Qdin. = 832,550 x 10 3 m³/год
Експлоатациони резерви се Qexp = 1,236 x 10 6 m3/год.
6
Прихранувањето со вода на геотермалниот систем се врши со инфилтрацијата на атмосферските врнежи преку раседните структури и пукнатинските системи на штипските гранити.
Со пресметките за билансот на подземните води се добива дека од вкупната количина на врнежи која изнесува 8.215.000 m3, кои паѓаат за период од 1 година на гранитниот масив на површина од 50 km2, за обновување на количината на вода што би се црпела со експлоатационите бунари треба да се инфилтрираат само 10%. Останатата количина на вода од врнежите врши обновување на резервите во водоносниците со слободно ниво, дел истекува површински во околните водотеци.

Key words: геотермален систем, експлоатациони бунари, бања Кежовица, хидрогеолошки параметри, коефициент на филтрација, радиус на влијание, коефициент на трансмисивност.

Item Type: Thesis (Masters)
Subjects: Natural sciences > Other natural sciences
Divisions: Faculty of Natural and Technical Sciences
Depositing User: Vaska Zdravkova
Date Deposited: 05 Oct 2017 11:03
Last Modified: 05 Oct 2017 11:03
URI: https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/18262

Actions (login required)

View Item View Item