Компаративно правни аспекти на договорот за лизинг

Eftimov, Dajanco (2015) Компаративно правни аспекти на договорот за лизинг. Masters thesis, University of Goce Delcev Stip.

[thumbnail of (801302108) MAGISTERSKI TRUD  Dajanco  Eftimov   .doc 2.pdf]
Preview
Text
(801302108) MAGISTERSKI TRUD Dajanco Eftimov .doc 2.pdf

Download (1MB) | Preview

Abstract

Предмет на анализа и елаборација на овој труд претставува лизингот
како трговска дејност и договорот за лизинг како правен инструмент за
реализација на правата и обврските кои што произлегуваат со склучувањето на
договорот за лизинг. Сепак, во конретна смисла, во фокусот на нашето внимание
е лизингот и неговото влијание врз македонското стопанство низ призмата на
банкарскиот сектор и правниот режим на лизингот во домашното право и во
компаративните правни системи.
Во Република Македонија лизинг-дејноста се реализира во далеку помал
капацитет од она што претставува стандард или полн капацитет на лизинг-
дејноста во Европа и во светот. Нивото и обемот на искористеност на лизингот е
директно условен од економијата воопшто и од условите под кои банкарскиот
сектор го нуди пакетот на лизинг-дејноста.
Лизингот е закуп со одредени специфики кои произлегуваат од природата
на ова трговска дејност. Компарирано со останатите институти на договорното
право, лизингот има одредени предности и слабости vis-à-vis. Во Република
Македонија, лизингот има третман на редуцирано искористен институт,
споредено со кредитот како класичен/традиционален модел на финансирање.
Еден дел од тоа e условено од психичкиот склоп кај населението, а друг дел од
недоволното афирмирање на самиот финансиски инструмент од страна на
комерцијалните банки и негово пласирање на финансискиот пазар, како и
недоволното познавање на предностите на лизингот од страна на граѓаните на
Република Македонијаи нивно искористување во своја полза.
Клучни зборови:
- лизинг
- давател на лизинг
- корисник на лизинг
- договори за лизинг

Item Type: Thesis (Masters)
Subjects: Social Sciences > Law
Divisions: Faculty of Law
Depositing User: Dimitar Ljubotenski
Date Deposited: 05 Oct 2017 11:02
Last Modified: 05 Oct 2017 11:02
URI: https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/18249

Actions (login required)

View Item View Item