Медијацијата како алтернативен начин на решавање на споровите

Zivkova, Sanja (2016) Медијацијата како алтернативен начин на решавање на споровите. Masters thesis, University of Goce Delcev Stip.

[thumbnail of МАГИСТЕРСКИ ТРУД САЊА КАРЧЕВА.pdf]
Preview
Text
МАГИСТЕРСКИ ТРУД САЊА КАРЧЕВА.pdf

Download (2MB) | Preview

Abstract

Во денешно време, сме сведоци дека судовите се преоптоварени со голем број нерешени предмети, кое нешто резултира со неефикасност и зголемување на незадоволството на граѓаните за брзината и квалитетот на правната заштита.
Поради ова, се поставува прашањето, дали судската постапка треба да ги признае своите ограничувања и слабости и да ја прифати потребата од воведување на алтернативни начини на решавање на споровите, бидејќи пристапот до правдата не се овозможува само преку судот, туку и преку други алтернативни начини на решавање на споровите, како што е постапката на медијацијата.
Во современите општества сѐ почесто се користи постапката на медијација за решавање на споровите, од причина што ваквата постапка отвара можност на сите инволвирани страни во спорот да воспостават реална комуникација и активно да учествуваат во изнаоѓање на заемно прифатливо решение.
Во нашата држава од големо значење би била поширока примената на постапката на медијацијата, бидејќи овозможува да се земат во предвид меѓусебните интереси на страните и можност за постигнување спогодба, како израз на доброволниот пристап и волја за постигнување заеднички компромис.
Во Република Македонија веќе постојат реформи во судството и постепено се воведува постапката на медијација во правниот систем, но овој процес е многу спор, па поради тоа, сметам дека овој труд ќе послужи за полесно разбирање на основните концепти на медијацијата и ќе овозможи поголема доверба кај граѓаните во постапката на медијација.
Клучни зборови: спор, спогодба, доброволност, флексибилност, рамноправност, правичност

Item Type: Thesis (Masters)
Subjects: Social Sciences > Law
Divisions: Faculty of Law
Depositing User: Dimitar Ljubotenski
Date Deposited: 05 Oct 2017 08:59
Last Modified: 05 Oct 2017 08:59
URI: https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/18246

Actions (login required)

View Item View Item