Stoilova, Biljana (2016) Улогата на народниот правобранител како контролор на работата на државните органи. Masters thesis, University of Goce Delcev Stip.
Preview |
Text
Biljana Stoilova lektorirano (1).pdf Download (1MB) | Preview |
Abstract
Краток извадок
Човековите слободи и права најчесто се повредуваат од страна на вршителите на јавни функции, а Народниот правобранител е оној кој има надлежности на планот на заштита на граѓаните пред овие органи и институции. Токму во рамките на таа заштита, Народниот правобранител е насочен кон вршење контрола над законитоста, но и целисходноста на преземените дејства и донесените одлуки од страна на органите на државната администрација. Раководејќи се од клучната улога на институцијата Народен правобранител - заштита на човековите права - значајно е да истакнеме дека му стојат на располагање повеќе мерки кои спаѓаат во делокругот на неговите надлежности.
Целта на овој труд е да направи анализа на еден сегмент, од многубројните надлежности, а тоа е да се согледа кои дејства и активности ги презема Народниот правобранител како контролор на работата на државните органи, односно државната администрација во Република Македонија. Преку внимателно разгледување на законските документи и на статистичкиот дел од годишните извештаи за работа на Народниот правобранител во Република Македонија за временскиот период од 2010-2014 година и бројот на поднесени претставки од страна на граѓаните и воопшто бројот на предмети по коишто Народниот правобранител постапувал во текот на годините и преку анализата на резултатите од прифатените интервенции на Народниот правобранител од страна на органите на државната управа, другите органи и организации со јавни овјастувања, ќе се овозможи нивна систематизација и појдовна точка за анализа, што, пак, ќе доведе до нови сознанија и произведување на заклучоци во овој дел.
Притоа, преку анализа на годишните извештаи за работа на Народниот правобранител во Република Македонија и бројот на поднесени претставки од страна на граѓаните, ќе произлезе заклучокот дека законската поставеност на надлежност на Народниот правобранител, која се сведува само на превентивни дејства и кој не е овластен за донесување правно-обврзувачки и мериторни одлуки, при вршењето на контрола врз работата на државните 4
Улогата на Народниот правобранител како контролор на работата на државните органи
органи, сето тоа негативно се одразува врз ефикасната заштита на правата и слободите на граѓаните од страната на државните органи и другите носители на јавни овластувања.
Клучни зборови: права, слободи, контрола, државни органи, заштита.
Item Type: | Thesis (Masters) |
---|---|
Subjects: | Social Sciences > Law |
Divisions: | Faculty of Law |
Depositing User: | Dimitar Ljubotenski |
Date Deposited: | 05 Oct 2017 08:58 |
Last Modified: | 05 Oct 2017 08:59 |
URI: | https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/18245 |
Actions (login required)
View Item |