Употреба на Европското јазично портфолио за самооценување и развивање автономија при учењето странски јазици

Kusevska, Marija (2017) Употреба на Европското јазично портфолио за самооценување и развивање автономија при учењето странски јазици. Зборник на трудови од меѓународна научна конференција „Климентовото дело“. pp. 195-202. ISSN 978-608-244-404-8

[thumbnail of Evropsko jazicno portfolio.pdf]
Preview
Text
Evropsko jazicno portfolio.pdf

Download (1MB) | Preview

Abstract

Европското јазично портфолио (ЕЈП) е документ којшто Европскиот совет го креираше за подршка на учењето јазици. Документот е поврзан со Заедничката европската рамка на референтни нивоа (ЗЕРР) и им овозможува на изучувачите на јазици да развијат рефлективен приод кон учењето: да ги опишуваат своите искуства, да ги определуваат целите и според нив да го планираат учењето и да вршат самооценување на постигнатите резултати. ЕЈП придонесува учењето да биде целно насочено и транспарентно, ја поттикнува одговорноста на изучувачите и ја развива нивната автономија во учењето. Освен тоа, ги поттикнува да го поврзуваат учењето не само со училишните активности туку и со сите други активности надвор од училиштето. Употребата на Портфолиото во наставата овозможува учество на учениците/студентите во креирањето на наставната програма и нејзино прилагодување кон нивните потреби и интереси.
Во ова излагање ќе наведеме некои искуствата во врска со имплементацијата на ЕЈП во формалното и неформалното образование, како и на факултетско ниво. Ќе се осврнеме и на некои нови трендови при користењето на ЕЈП поттикнати од развојот на технологијата, како и на тенденцијата за замена на традиционалниот формат со виртуелен.
Клучни зборови: автономија, ЕЈП, ЗЕРР, рефлективен приод, самооценување

Item Type: Article
Subjects: Humanities > Languages and literature
Divisions: Faculty of Philology
Depositing User: Marija Kusevska
Date Deposited: 14 Sep 2017 07:12
Last Modified: 14 Sep 2017 07:12
URI: https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/18215

Actions (login required)

View Item View Item