Привлекување на човечки ресурси во организациските субјекти

Zdraveva, Sanja (2017) Привлекување на човечки ресурси во организациските субјекти. Masters thesis, University Goce Delcev Stip.

[thumbnail of Магистерски труд.pdf]
Preview
Text
Магистерски труд.pdf

Download (1MB) | Preview

Abstract

Од моментот кога на пополнување на слободните работни места со кадар престана да се гледа како на лесен и безначаен процес, Менаџментот на човечки ресурси започнува да добива една позначајна и посуштинска улога во секој еден организациски субјект. Прашањето дали треба да се воведе иновациски пристап во менаџирањето со човечкиот капитал посебно во делот на привлекувањето на кадар одамна престана да биде опционален избор и премина во реална потреба.
Овој магистерски труд има за цел да отвори прашања поврзани со процесот на привлекување на квалификувани кадри ставајки посебен акцент на сите процеси поединечно, како и да ја истакне потребата од постојано усовршување на постоечките системи и прифаќање и имплементирање на нови системи за соодветно привлекување.
Од причина што последниот збор за вработувањето го имаат најчесто компаниите а не работниците, барем таква е состојбата на нашиот пазар на труд, теретот на иновативниот пристап, изнаоѓање на ефикасни модели на привлекување и продаоѓање на вистинскиот кадар паќа на товар на претпријатијата. Со исклучок на некои големи компании кои што континуирано се развиваат во полето на Човечки ресурси, се увиде дека средните и помалите компании сеуште доволно не пронаоѓаат начини како да ја прошират базата за привлекување и регрутирање надвор од оној дел на активни баратели на работа кои што се пријавуваат на огласите за вработување и да се насочат кон современите методи на изнаоѓање на квалификувани кадри.
Клучни зборови: менаџмент, човечки ресурси, привлекување, вработени, иновации,

Item Type: Thesis (Masters)
Subjects: Social Sciences > Economics and business
Divisions: Faculty of Economics
Depositing User: Katerina Hadzi-Vasileva
Date Deposited: 13 Sep 2017 13:37
Last Modified: 13 Sep 2017 13:37
URI: https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/18210

Actions (login required)

View Item View Item