Фармакологија за стоматолози - специјален дел

Balkanov, Trajan and Pesic, Srdzan (2013) Фармакологија за стоматолози - специјален дел. ISBN 978-608-4708-27-8.

[thumbnail of Farmakologija za stomatolozi specijalen del-1-10.pdf]
Preview
Text
Farmakologija za stomatolozi specijalen del-1-10.pdf

Download (4MB) | Preview

Abstract

Со ова учебно помагало, скрипта, се обидовме да дадеме приказ на најосновните карактеристики на повеќето лекови коишто денес се користат во секојдневната пракса, но и
посебно да ги истакнеме сите детали што се важни за нивната употреба во стоматологијата. Стоматологот, пред сè, мора да биде запознат со моменталната општа состојба на пациентот кој седи на стоматолошката столица.
Оваа состојба во голема мера зависи од лековите што пациентите вообичаено ги употребуваат, а кои не се директно поврзани со стоматолошката патологија. Освен тоа, можно е многу несакани дејства од лековите, како што се зголемено крвавење, паѓање на крвниот притисок, синкопа и колапс па сè до конвулзивни напади, да се појават токму за време на стоматолошката интервенција.
Потребата идните стоматолози да имаат опширни и детални знаења за некои групи на лекови постои одамна па затоа посебно внимание посветено е на лековите што се користат против болки, за запирање на крвавење во усната празнина, на антибиотиците и на локалните анестетици. Посебно поглавје посветено е на примената на препаратите на флуорот при превенција и лекување на кариес. Во одделно поглавје е обработена примената на препаратите за хигиена на усната празнина, а посебно на фармаколошките супстанции коишто се додаваат во нив со цел да се постигне антисептичко дејство, превенција на кариес или на забен камен.

Item Type: Teaching Resource
Subjects: Medical and Health Sciences > Basic medicine
Medical and Health Sciences > Clinical medicine
Divisions: Faculty of Medical Science
Depositing User: Trajan Balkanov
Date Deposited: 11 Sep 2017 07:09
Last Modified: 11 Sep 2017 07:09
URI: https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/18182

Actions (login required)

View Item View Item