Кривичните аспекти на азил во меѓународното и македонското кривично право“

Vezenkov, Davor (2017) Кривичните аспекти на азил во меѓународното и македонското кривично право“. Masters thesis, University of Goce Delcev Stip.

[thumbnail of Davor Vezenkov 207394 - Magisterski trud.pdf]
Preview
Text
Davor Vezenkov 207394 - Magisterski trud.pdf

Download (1MB) | Preview

Abstract

Краток извадок
Меѓународниот институт азил, како и неговата меѓународна кривичноправна рамка, е област на постојано надополнување и акумулација на материјални и формално - правни факти, со цел за изградба на универзален кривичноправен систем на азил кој би имал широкоопфатна примена. Теоретската рамка на поставениот проблем, низ годините на историјата, постојано била надополнувана во егзактните моменти на проблеми со именуваниот институт. Целта на мојот труд е искористување на изворите на правото и политиките на азил, нивна структурна анализа и дефиниција на имплементација. Миграцијата е поим тесно поврзан со азилот. Токму затоа, не може а да не се спомене нејзиното влијание врз правната форма на азилот како институт. Човештвото, во својата еволуција, тенденциозно дејствува кон создавање на универзални, регионални и национални правни лица кои ја претставуваат унилатералната желба за солидарност и сплотеност. Ваквите организации неопходно бараат консолидирано законодавство, во сите сегменти на општествениот живот. Токму затоа, анализата на ваквите организации во мојот труд е со цел да покаже во колкава мера и каква форма се конструираат и имплементираат правните норми на азилот. Исто така, ќе покаже во колкав капацитет е легислативата на азилот и од каде треба да се продолжи надградбата на правниот систем. Надградбата на системот на азил е сеопфатна и ги засега сите. Како европска држава со мултилатерални односи и желба за членство во евроатланската и европската заедница, Република Македонија настојува да го надградува својот правен систем секогаш кога ќе ѝ се овозможи терен за такво нешто. Мојата анализа го води трудот и до разградба на македонскиот правен систем, воочување на фактичката состојба во однос на азилот и привремената заштита, и критички анализирајќи ја поврзаноста на материјално - правните и формално - правните аспекти на азилните норми. Заклучокот на сето ова мора да биде објективен и во согласност со позитивното право, без остапување од начелата на непристрасност, јасност, еквивалентност, совестност и чесност.
Клучни зборови: миграција, азил, кривично право, бегалци, бегалска криза, меѓународни организации.

Item Type: Thesis (Masters)
Subjects: Social Sciences > Law
Divisions: Faculty of Law
Depositing User: Dimitar Ljubotenski
Date Deposited: 11 Sep 2017 06:57
Last Modified: 11 Sep 2017 06:57
URI: https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/18174

Actions (login required)

View Item View Item