Фитохемија, скрипта

Arsova-Sarafinovska, Zorica and Maksimova, Viktorija and Darkovska-Serafimovska, Marija (2017) Фитохемија, скрипта. ISBN 978-608-244-393-5.

[thumbnail of Fitohemija skripta-split.pdf]
Preview
Text
Fitohemija skripta-split.pdf

Download (5MB) | Preview

Abstract

Фитохемијата како дел од хемиските науки која се занимава со проучување на
активните принципи кои се екстрахираат од растителни делови е од особено значење
во профилот на еден стручен и добро обучен фармацевт. Таа е дел од линијата на
предмети што ги проучуваат растенијата од фармацевтски аспект, односно хемискиот
состав карактеристичен за даден ботанички вид, а понатаму и нивното фармаколошко
дејство и употребата на фармакогностичките дроги како дел од хербалните препарати
во современата фитотерапија.
Оваа скрипта е првенствено наменета за студентите при Факултетот за
медицински науки, на студиската програма по фармација, при Универзитет „Гоце
Делчев“-Штип. Тематските целини кои скриптата ги опфаќа се презентирани според
предвидената студиската програма на курсот по фитохемија. Секоја тематска целина
дава можност за систематско и детално проучување на биосинтетичките патишта на
различни класи на соединенија кои се синтетизираат како растителни метаболити.
Воедно, јасно се претставени нивните структурни формули, физичко-хемиски особини,
фармаколошкото дејство и употреба, како и методите за квалитативно и
квантитативно докажување на конкретните активни принципи во растенијата.
Целта на оваа скрипта е да им помогне на студентите за полесно совладување
на материјата по фитохемија и да ги подготви за понатамошните предизвици поврзани
со активните принципи кои се застапени во лековитите растенија.

Item Type: Teaching Resource
Subjects: Medical and Health Sciences > Health sciences
Medical and Health Sciences > Other medical sciences
Divisions: Faculty of Medical Science
Depositing User: Marija Darkovska-Serafimovska
Date Deposited: 31 Aug 2017 10:16
Last Modified: 31 Aug 2017 10:16
URI: https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/18139

Actions (login required)

View Item View Item