Фармакологија 1

Balkanov, Trajan and Darkovska-Serafimovska, Marija (2014) Фармакологија 1. ISBN 978-608-244-049-1.

[thumbnail of Farmakologija skripta split.pdf]
Preview
Text
Farmakologija skripta split.pdf

Download (762kB) | Preview

Abstract

Ова учебно помагало, скрипта, првенствено им е наменета на студентите од фармација кои го слушаат овој предмет на Факултетот за медицински науки, односно ја изучуваат општата фармакологија еден семестар.
Целта на оваа скрипта е студентите да добијат основна литература за општиот дел на фармакологијата, а со многуте описи, илустрации, слики и табели се обидовме целата обемна и комплексна материја да им ја приближиме на студентите на еден едноставен и разбирлив начин.
Користењето на оваа скрипта на студентите ќе им овозможи полесно да ги разберат и совладаат најосновните фармакокинетски процеси кои се одиваат во организмот при примена на лековите: апсорпција, дистрибуција, метаболизам и елиминација, односно промените на физичките и хемиските особини на лековите од моментот на апликација до моментот на нивната елиминација од организмот. Секако, големо внимание е посветено и на фармакодинамичките процеси во човековиот организам, односно дејството или ефектот на лекот врз организмот, механизмот на дејство на лековите, факторите од кои зависи сигурноста и ефикасноста на лекот, дозирањето и факторите кои влијаат врз дозирањето на лековите, интеракциите и несаканите дејства на лековите.
Оваа скрипта целосно одговара на наставниот план и на Програмата по Фармакологија 1 за студентите од фармација. Покрај за овој предмет, изнесените информации во скриптата на студентите ќе им бидат од корист и во нивното натамошно студирање за другите предмети како што се: фармацевтска хемија, биофармација.
Иако скриптата првенствено е наменета за студентите од фармација, сепак истата може да ја користат и студентите од другите студиските програми на Високата здравствена школа (медицински сестри и лаборанти), но и веќе дипломираните студенти, како прирачник за брзо повторување и потсетување на претходно наученото.

Item Type: Teaching Resource
Subjects: Medical and Health Sciences > Basic medicine
Medical and Health Sciences > Clinical medicine
Medical and Health Sciences > Health sciences
Divisions: Faculty of Medical Science
Depositing User: Marija Darkovska-Serafimovska
Date Deposited: 31 Aug 2017 10:14
Last Modified: 31 Aug 2017 10:14
URI: https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/18138

Actions (login required)

View Item View Item