Одговорноста на јавната и државната администрација (законска поставеност, сегашна состојба и перспективи)

Manceva, Elena (2016) Одговорноста на јавната и државната администрација (законска поставеност, сегашна состојба и перспективи). Masters thesis, University of Goce Delcev Stip.

[thumbnail of Magisterska Elena Manceva.pdf]
Preview
Text
Magisterska Elena Manceva.pdf

Download (2MB) | Preview

Abstract

Одговорноста на јавната и државната администрација
(законска поставеност, сегашна состојба и перспективи)
Краток извадок
Сите граѓани во една држава имаат право на квалитетна, стручна и одговорна јавна администрација. Ваква администрација може да постои доколку од една страна имаме јасни, прецизни, добро дефинирани правни основи за нејзиното функционирање, а од друга страна високо стручни, одговорни јавни службеници со високи етички вредности, кои ќе бидат способни да одговорат на функцијата на органот каде што се вработени, а пред сè ќе одговорат во остварувањето на правата и обврските на граѓаните и правните лица во постапки пропишани со закон. Секако, покрај елементите за мотивирање, во овој правец значајно место имаат и одредбите на нивната одговорност во извршувањето на доделените работи и задачи.
Законските одредби со кои се дефинира, лоцира и докажува одговорноста на јавната администрација, од донесување на првиот Закон за државните службеници во 2000 година, па до денес имаат претрпено многу измени. Во сегашната законска регулатива, законодавецот има оставено не мал број на правни празнини, преку кои е оставена можноста извршната власт да може, во одредени случаи, сериозно да влијае над работата на администрацијата.
клучни зборови: државен службеник, јавен службеник, дисциплинска одговорност, дисциплинска постапка, дисциплински престап, дисциплинска неуредност

Item Type: Thesis (Masters)
Subjects: Social Sciences > Law
Divisions: Faculty of Law
Depositing User: Dimitar Ljubotenski
Date Deposited: 24 Aug 2017 07:25
Last Modified: 24 Aug 2017 07:26
URI: https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/18104

Actions (login required)

View Item View Item