Вработување и еднакви можности на жените и мажите во Министерството за внатрешни работи на Република Македонија (со посебен акцент на Источно-планскиот регион)

Stojanov, Tome (2015) Вработување и еднакви можности на жените и мажите во Министерството за внатрешни работи на Република Македонија (со посебен акцент на Источно-планскиот регион). Masters thesis, University of Goce Delcev Stip.

[thumbnail of ЛЕКТОРИРАНА- Магистерска тема-  Томе Стојанов-корегирана.pdf]
Preview
Text
ЛЕКТОРИРАНА- Магистерска тема- Томе Стојанов-корегирана.pdf

Download (1MB) | Preview

Abstract

Процесот на воспоставување на еднакви можности за мажите и жените претставува обврска на целокупното општество. Родовата рамноправност подразбира праведност при постапувањето со жените и мажите врз основа на праведност и согласност со сите нивни лични потреби, при што истата е засегната со унапредувањето на личната, социјалната, културната, економската и политичката рамноправност за сите. Со Уставот им се гарантираат еднаквите можности на мажите и жените во Република Македонија како највисок правен акт, меѓутоа поголем број закони во целост забрануваат дискриминација врз основа на полот при што истите содржат едни одредби со кои се создава инкорпорирање на родовиот концепт во самата законска регулатива на една земја.
Сосема очигледни се и големиот број напори кои континуирано се преземаат од страна на МВР за да се подобри законската и институционалната рамка за остварување на родовата еднаквост и транспарентноста на вработувањето помеѓу мажите и жените во ова министерство, меѓутоа со самото донесување на конкретни закони, во целост не се постигнува висок степен на родова еднаквост и не се решаваат сите конкретни проблеми во однос на воспоставувањето на еднакви можности.
Клучни зборови: Родова еднаквост, дискриминација, еднакви можности
Магистерски труд – Вработување и еднакви можности на жените и мажите во
Министерството за внатрешни работи на Република Македонија со посебен акцент
на Источно-планскиот регион

Item Type: Thesis (Masters)
Subjects: Social Sciences > Law
Divisions: Faculty of Law
Depositing User: Dimitar Ljubotenski
Date Deposited: 24 Aug 2017 06:36
Last Modified: 24 Aug 2017 07:27
URI: https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/18093

Actions (login required)

View Item View Item