Урбанистичкото планирање на локално ниво како фактор на развој на локалната самоуправа во Р.М. со посебен осврт на Општина Штип

Ilievska, Katerina (2015) Урбанистичкото планирање на локално ниво како фактор на развој на локалната самоуправа во Р.М. со посебен осврт на Општина Штип. Masters thesis, University of Goce Delcev Stip.

[thumbnail of Лекторирано, Katerina Ilievska Stip Magisterski   Trud Januari     2015-profesorot ISPRAVNA.pdf]
Preview
Text
Лекторирано, Katerina Ilievska Stip Magisterski Trud Januari 2015-profesorot ISPRAVNA.pdf

Download (737kB) | Preview

Abstract

Локалната самоуправа претставува една територијална заедница во која
луѓето заеднички, со здружени сили, пробуваат на секој можен начин да ги
разрешат проблемите со кои самите тие се соочуваат и да си го направат
животот многу поедноставен. Всушност, самите граѓани самостојно,
непосредно или преку свои претставнички тела одлучуваат за оние прашања
кои се од јавен интерес и од локално значење. Локалната самоуправа се
состои во тоа што локалното население во една заедница ги избира локалните
органи и им ја дава целосната поддршка, но за возврат очекува дека локалната
власт ќе им ги реши проблемите со кои тие секојдневно или најчесто се
соочуваат. Локалните органи, пак, за вршењето на работите кои се во нивна
ингеренција, а се во интерес на самите граѓани, располагаат со одредени
финансиски средства. Меѓутоа, ако се запрашаме дали државната власт може
да управува со целокупниот развој на општеството, или има потреба од
функционирање и делување и на некоја друга власт, одговорот би бил дека
државните органи не можат да ја опфатат цела територија, туку потребна им е
и друга алтернативна власт на кој ќе ѝ пренесат некои од надлежностите и
работите кои тие ќе ги извршуваат, а во кои се појавуваат одредени
функционални слабости, односно каде може да дојде до неефикасно и
неефективно работење. Тоа значи дека во некои делови од општествениот
развој се наметнува потреба од воведување и на другата алтернативна власт,
односно локалната, за која зборуваме, со тоа што функционирањето нема да
биде само од централната власт, односно од централните органи, туку ќе биде
пренасочена и кон локалните власти.
Локалната самоуправа поседува голема способност и може да се
прилагоди на специфичните карактеристики на некое подрачје и да даде
приоритет и придонес на оние позначајни работи за граѓаните, отколку што
може тоа да го направи државната власт, доколку таа ги врши истите
надлежности како и локалната самоуправа.

Item Type: Thesis (Masters)
Subjects: Social Sciences > Law
Divisions: Faculty of Law
Depositing User: Dimitar Ljubotenski
Date Deposited: 24 Aug 2017 06:36
Last Modified: 24 Aug 2017 06:36
URI: https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/18089

Actions (login required)

View Item View Item