Вредностите и принципите на евроинтеграцијата и проширувањето на Европската унија

Krsteska, Anita (2017) Вредностите и принципите на евроинтеграцијата и проширувањето на Европската унија. Masters thesis, University of Goce Delcev.

[thumbnail of Магистерска Анита Крстеска.pdf]
Preview
Text
Магистерска Анита Крстеска.pdf

Download (1MB) | Preview

Abstract

Европската унија претставува единствена интеграција на суверени
европски земји, кои решиле да делат заедничка иднина и да здружуваат дел од
својот национален суверенитет. Земјите, членки на ЕУ, дел од своите
овластувања за донесување на одлуки, им го делегираат на европските
институции што ги имаат создадено, за да можат да ги донесуваат одлуките за
специфични работи од заеднички интерес по на ниво на Европа.
Трудот ќе ја оствари замислата за еден академски, посветен и темелен
пристап кон основната тема и кон реализирање на целта за претставување на
евроинтеграцијата како процес и проширувањето како дополнителна
компонента со која се содздаваат сите вредности почитувајќи ги принципите на
двата процеса.
Европската унија претставува суштински дел од политичкиот живот на
Европа. Нејзините задачи, обврски и надлежности опфаќаат се поголем
спектар на политички, економски и социјални теми.
Имено, европската интеграција заслужува најголемо внимание како
успешен проект и процес за мирно регулирање на конфликти и остварување на
одржлив мир. Терминот, одржлив мир ја истакнува позицијата на ЕУ во однос
на целите, наместо на симптомите на конфликтите и насилството.
Одржливиот мир се дефинира како истовремено инволвирање на
краткорочното решавање на проблемите и долгорочните структурални
решенија за превенција од конфликтите, преку интеграција на безбедносните
потреби на човекот и промоцијата на доброто глобално владеење.
Целта на овој труд во содржинска и компактна форма е да се презентира
идејата за формирањето на Европската унија и начинот на функционирањето и
одржливоста во сите сфери на општественото живеење и дејствување, да се
создаде заедничко европско семејство на наднационална основа и покрај
многуте различности.
4
Анализата на трудот ги потенцира основните вредности на
евроинтеграцијата и проширувањето како исклучително значајни процеси кои
се случуваат повеќе од шест децении и ја дефинираат формата и функцијата
на Унијата.
Во оваа смисла, една од поентите е да се елаборира и истражува
Унијата преку историската димензија со сите попатни обележја и
карактеристики. Идејата е да се дефинира Унијата со нејзината суштинска
компонента во процесот на севкупното демократско одлучување на
институциите и е израз на остварување на правото.
Правниот поредок создаден од ЕУ, веќе стана востановена компонента
на нашиот политички живот и на општеството. Секоја година, врз основа на
спогодбите на Унијата, се донесуваат илјадници одлуки со клучно влијание врз
земјите-членки на ЕУ и врз животот на нивните граѓани. Одамна луѓето не се
само граѓани на својата земја, град или регион, тие се и граѓани на Унијата.
Дури и да е само оваа причина, од клучна важност е тие да се запознаени со
правниот поредок што се одразува врз нивното секојдневие.1

Item Type: Thesis (Masters)
Subjects: Social Sciences > Law
Divisions: Faculty of Law
Depositing User: Aleksandar Tolev
Date Deposited: 24 Aug 2017 07:36
Last Modified: 24 Aug 2017 07:36
URI: https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/18087

Actions (login required)

View Item View Item