Евалуација на присуството на аеросоли како потенцијални загадувачи со стоматолошките ординации

Minovska, Ana and Mirakovski, Dejan and Kovacevska, Ivona and Papakoca, Kiro and Petrovski, Mihajlo and Cvetanovska-Stojchevska, Daniela and Aleksandrovska, Ana (2017) Евалуација на присуството на аеросоли како потенцијални загадувачи со стоматолошките ординации. [Project] (Submitted)

[thumbnail of naslov_na_proektot-_evaluacija_na_prisustvoto_na_aerosoli_kako_potencijalni_zagaduvachi_vo_stomatoloshkite_ordinacii (1).pdf]
Preview
Text
naslov_na_proektot-_evaluacija_na_prisustvoto_na_aerosoli_kako_potencijalni_zagaduvachi_vo_stomatoloshkite_ordinacii (1).pdf

Download (273kB) | Preview

Abstract

Стоматолошките процедури генерираат големи количини на многу мали аеросоли од три микрони, па дури и помали. Овие многу мали честички може да се задржат во воздухот и повеќе часови по третманот, поради што нивниот ефект е продолжен. Ваквите невидливи аеросоли се вдишуваат случајно од страна на сите кои ќе влезат во стоматолошкиот работен простор - лекарите, вработените, пациенти, луѓето кои ги придружуваат пациентите, сервисери и др.
Аеросолите се комбинација од течни и цврсти честички. Поголемиот дел од честичките во аеросолите се помали од 100 микрони. При користење на високотуражни и ултразвучни инструменти доаѓа до создавање на аеросоли и спреј, кои имаат многу интензивен карактер, со доволна маса и кинетичка енергија. Тие можат да дојдат во контакт со слузницата на носот, оралната мукоза ако е отворена устата, очите, кожата, косата и облеката.
Сериозноста на ваквата состојба ги иницираше целите на овој Научно – истражувачки проект : да се направи евалуација на вкупната експонираност на стоматолошкиот тим на аеросоли и микрочестички во клинички услови и да се проследи ефектот од користењето на заштитни маски за време на работата со апарати кои се производители на аеросоли и спреј .
Од резултатите се очекува да се испитаат промените во концентрацијата на вкупните аеросоли пред, за време и по работен период, во различни позиции, кај стоматолошки ординации со повеќе столови. Исто така, да се испита присуството на вкупните бактериски аеросоли-биосоли, доколку ги има, генерирани од различни видови на стоматолошки процедури, како и од различни опкружувања.

Item Type: Project
Subjects: Medical and Health Sciences > Basic medicine
Medical and Health Sciences > Clinical medicine
Medical and Health Sciences > Health sciences
Medical and Health Sciences > Other medical sciences
Divisions: Faculty of Medical Science
Depositing User: Mihajlo Petrovski
Date Deposited: 11 Jul 2018 09:56
Last Modified: 11 Jul 2018 09:56
URI: https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/18008

Actions (login required)

View Item View Item